ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Внимавајте кога го повивате бебето
    Внимавајте кога го повивате бебето

    Внимавајте кога го повивате бебето

    Неодамна беше оживеан специфичниот начин на повивање на бебињата, со тоа што рацете и нозете на бебињата се фиксираат со телото, бидејќи поддржувачите на ова повивање  веруваат дека ова ќе го спречи плачот на бебињата и дека полесно ќе заспијат.

    Овој начин на повивање е сè уште популарен во многу култури во светот, а родителите го практикуваат поради мислата дека на тој начин успешно ги стимулираат чувствата на детето кое ги имало во стомакот на мајката.

    “Овој тип на повивање не треба да се користи бидејќи создава сериозен ризик за неразвивање на колковите. Нозете на бебето не треба да се цврсто завиткани, бидејќи така врз нив се врши притисок “, вели професорот Николас Кларк. 

    И останатиот медицински персонал, експерти, лекари и акушерки се согласуваат дека овој тип на повивање е исклучително опасен и може да доведе дури и до смрт на новороденото, бидејќи бебињата така завиткани се на ризик од неприродно зголемување на телесната температура.