
Внуците се посебна радост за сите баби и дедовци ширум светот
Врската помеѓу внуците, бабите и дедовците и односот кој тие го градат со тек на време е специфичен и посебен. Ниту една друга љубов не може да се мери со тоа како внуците се сакаат, а за тоа можат да посведочат секоја баба и дедо.
Меѓутоа освен љубовта и радоста која ја носат во животите на бабите и дедовците, внуците можат да им го продолжат и животот. Токму тоа сега науката и го покажа.
Истражувањето во кое учествуваа 500 пензионери – баби и дедовци, кои редовно ги чуваат своите внуци, покажува дека кај нив ризикот од смртен случај е намален за повеќе од 30%, во однос на оние кои немаат таква обврска, а се на иста возраст.
Истражувањето исто така покажува дека грижата за другите – соседи, пријатели или роднини – во поодминати години генерално допринесува за продолжување на животот, што е добра вест и за луѓето кои немаат улога на баба или дедо.
Науката покажа дека повозрасните луѓе од 70 години кои се грижат за своите внуци, но и за другите околу себе, живеат и до 7 години подолго од оние кои не го прават тоа.
Причината за ова е многу едноставна – грижата за другите носи дополнителна активност, когнитивна стимулација, планирање на иднината, а чувството дека се потребни и од помош дополнително го “подмладува” мозокот. Активниот старосен животен век допринесува за поквалитетен живот, а со самото тоа и за поздраво секојдневие, поради што резултатите се очигледни.