ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Во која положба треба да спие новороденчето?
    Во која положба треба да спие новороденчето?

    Во која положба треба да спие новороденчето?

    Бројни студии истакнуваат дека ризикот од синдромот на изненадно гушење (SIDS) и смртта на новороденчето е најмал доколку бебето спие на грб.

    Најпожелна положба е спиењето на грб. Но, друг разумен избор, доколку вашето дете има проблем со таа положба, е спиењето на страна. Секако е посигурна отколку спиењето на стомак. Инаку, безбедно е да дозволите вашето бебе да помине одредено време на стомак кога е будно, додека вие го чувате.

    Немојте да го ставате детето да спие на мека подлога, меки перници и играчки. Тие можат да ги прекријат дишните патишта на детето и да го запрат дишењето. Не се предлага ниту користењето на специјални помагала кои обезбедуваат малечките присилно да спијат на грб.

    Советот да го ставите бебето на грб е ако истото е родено на време и тукушто испуштено од болница. Но, ако има одредени здравствени проблеми и не сте сигурни која е најдобрата положба за него, консултирајте се со вашиот лекар.

    Во секој случај, родителите не би требало да го оставаат бебето само во одделна просторија, дури ни за време на кусото дневно спиење. Најдобро би било тоа во текот на денот да спие во близина на родителите, така што ќе го имаат на око, а преку ноќ со нив во собата.