ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Во секој момент ќе ја доживеете најголемата радост, а вие сеуште не сте одлучиле како ќе се вика вашето синче? Babyshop.mk е вашата Прва Помош!
    Во секој момент ќе ја доживеете најголемата радост

    Во секој момент ќе ја доживеете најголемата радост, а вие сеуште не сте одлучиле како ќе се вика вашето синче? Babyshop.mk е вашата Прва Помош!

    Се наближува терминот за подорување, а вие сеуште не сте одлучите како ќе се вика вашето синче? Во продолжение ви предлагаме листа на македонски имиња и нивното значење:

    Љубен
    Значење на името: возљубен, оној кој е сакан.
    Потекло:Соодветствува на грчкото име Ἀγαπητός (Агапит)
    Името е со словенско потекло
    Познати личности: Љубен Лапе

    Лука
    Значење на името:
    Човек од Луканија (место во Италија), доаѓа од збор Leukos – светол, бел
    Потекло на името:
    Името има латинско и грчко потекло
    Познати личности:
    Апостолот и Евангелист Лука
    Варијации на името:
    Лукас, Лук

    Никола
    Значење на името:
    Победа на народот, победнички народ
    Потекло на името:
    Името има грчко потекло

    Марко
    Значење на името:
    Посветен на Марс, воинствен, борбен
    Потекло на името:
    Латинско потекло
    Познати личности:
    Апостолот Марко, Марк Твен итн.

    Александар/Алек
    Значење на името:
    Бранител на луѓето, заштитник на луѓето, воин
    Потекло на името:
    Името има грчко потекло. Исковано е од глаголот alexō – заштитува, брани и именката andros – човек.

    Дејан
    Значење на името:
    Да прави нешто, да биде активен
    Потекло на името:
    Името има словенско потекло од зборот “деја” – правење нешто
    Варијации на името:
    Деан

    Иван
    Значење на името:
    Бог е милостив
    Потекло на името:
    Еврејско потекло, доаѓа од името Јован
    Варијации на името:
    Иво, Ивица, Јован

    Горан
    Значење на името:
    Човек од планина
    Потекло на името:
    Името има словенско поткло. Постои и во курдскиот јазик, каде значи: промена.
    Познати личности:
    Горан Бреговиќ, Горан Вишниќ
    Варијации на името:
    Горјан

    Зоран
    Значење на името:
    Зора, изгрејсонце
    Потекло на името:
    Словенско потекло, машка форма на името Зора.

    Драган
    Значење на името:
    Драг, скапоцен
    Потекло на името:
    Словенско потекло

    Дамјан
    Значење на името:
    Скротител, да скроти, да покори
    Потекло на името:
    Името има грчко потекло
    Варијации на името:
    Даме, Демијан

     

    Петар
    Значење на името:
    Камен, карпа
    Потекло на името:
    Името има грчко потекло
    Познати личности:
    Апостол Петар, глумците Питер Селерс, Питер Вилер итн.
    Варијации на името:
    Петре, Перо

    Стефан
    Значење на името:
    Круна, венец, крунисан
    Потекло на името:
    Библиско име со грчко потекло
    Познати личности:
    Стивен Спилберг, Стивен Сегал
    Варијации на името:
    Стево

    Лазар
    Значење на името:
    Бог е моја помош, Мојот Бог помогна
    Потекло на името:
    Библиско име со Еврејско потекло, форма на Елеазар
    Варијации на името:
    Елеазар, Лазарус

    Јован
    Значење на името:
    Бог е милостив
    Потекло на името:
    Библиско име со Еврејско потекло
    Познати личности:
    Апостол Јован, многу цареви, папи итн.
    Варијации на името:
    Иван, Јане, Јохан, Жан, Џон

    Матеј
    Значење на името:
    Дар од Бог
    Потекло на името:
    Библиско име, со еврејско потекло.