• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Во исчекување сте на резултатот за бременост?
Во исчекување сте на резултатот за бременост?

Во исчекување сте на резултатот за бременост?

Во исчекување сте на резултатот за бременост?

Периодот на исчекување на резултат од тестот за бременост е многу возбудлив но и стресен за сите идни мајки кои посакуваат бебе. Потајно во себе се надевате дека баш овој пат ќе видите дека сте бремени, но во исто време ви е страв од негативен резултат.
Голем број на доктори препорачуваат да почекате најмалку до првиот ден на изостанок на менструација или пак отприлика две седмици по овулација. Изостанокот на менструација е најчесто прв знак за бременост.
Еве неколку совети како да го “преживеете” периодот на исчекување:
– Пробајте да се опуштите
Тоа секако дека е лесно да се каже но тешко е да се направи, но пробајте да намалите со размислување и да имате стрес за тоа што ќе биде доколку сте трудни или пак не.

– Почнете да се размислувате за себе како да сте трудни
Правилната грижа за себе почнува пред зачетокот а припремата на телото во бременоста е многу важна за здрава бременост. Започнете со здрава храна доколку веќе не сте го направиле тоа. Внесувајте големо количество на вода во организмот и правете мала физичка активност. Лошите навики веднаш заборавете ги позади себе.
– Не анализирајте премногу за сите промени во телото
Овој период е многу карактеристичен по тоа што поголемиот број на жени премногу внимаваат на промените во телото па многу често замислуваат дека имаат симптоми кои реално не се. Знаеме дека е тешко, но бидете трпелливи!.
– Забавувајте се и преокупирајте ги мислите со нешто што ве опушта и забавува
Дружењето со партнерот и пријателите, излегувањето со пријателите и колегите, одењето во кино се одлични идеи за опуштање и оттргнување внимание од мислите кои ве окупирале. Се ќе биде во ред.
– Бидете и останете позитивни!
Позитивното размислување е позитивен став спрема бременоста а таа е од голема важност за вашето психичко здравје. Дури и ако тестот не е позитивен, знајте дека секогаш постои друг пат и дека тоа е составен дел од животот. Среќно идни мајки!