Во што се разликува доењето на новороденче и доењето на повозрасно бебе?
Дознајте кои промени во доењето мајките може да ги очекуваат кога нивното бебе ќе порасне…
Доењето на новороденче и доењето на осуммесечно бебе може да биде потполно различно искуство. Првите денови можат да бидат долги и стресни, мајките да бидат збунети, полни со сомнежи и страв дали се прават како што треба.
Меѓутоа како вашето бебе ќе расте, така и вие ќе станувате се по сигурни и ќе стекнете потполно поинакво искуство во однос на првите денови од мајчинството.
Издвојуваме неколку основни промени во доењето на новороденче и доењето на повозрасно бебе:
– Веќе немате потреба за потполен мир како би сте се фокусирале за успешно да го нахраните бебето.
– Не се сомневате во количината на своето млеко. Верувате дека бебето добива доволно храна за да биде среќно и правилно да расте.
– Не се грижите премногу за времетраењето и зачестеноста на хранењето. Научивте дека бебето ви дава до знаење кога е гладно.
– Бебето станува многу поефикасно во оваа “работа”. Во првите денови ќе му треба отприлика 40 минути потполно да се засити (најчесто цица на секои два часа). После неколку месеци, бебето побрзо јаде – доењето може да трае од 5 до 10 минути и бебето да остане сито наредните 3 до 4 часа. Тоа значи дека детето ќе го доите помалце, а ќе имате повеќе простор за спиење навечер.
– Кога ќе воведете цврста храна во исхраната на бебето, тоа веќе не е зависно од доење. Полека ќе користи се повеќе нутритиенти од храната, а бенефитите од вашето млеко ќе бидат само еден голем плус. Ова ќе ви дозволи заслужена пауза од време на време.
– Вниманието на бебето го привлекуваат многу работи од околината. И додека е на дојка, бебето љубопитно ја набљудува околината. Со тек на време ќе сфатите дека е подобро да го храните во мир и тишина, затоа што ќе има помалку работи од околината кои ќе го привлекуваат неговото внимание.
– Како бебето расте, ќе стигнат и забчињата. Од време на време може да почуствувате и гризење. Ова е потполно нормално и е предизвик за бебето, па вашите гради може да ги гледа како свои нови играчки за забите. Важно е да му покажете дека гризењето не е прифатливо. Престанете да го доите штом ќе почне да го прави тоа и набрзо ќе сфати дека таа активност мора да ја остави за храната и играчките.