ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Во време на настинки и вируси докажано е дека најдобар лек е мајчината пилешка супа- Прочитајте зошто?!
    Во време на настинки и вируси докажано е дека најдобар лек е мајчината пилешка супа- Прочитајте зошто?!

    Во време на настинки и вируси докажано е дека најдобар лек е мајчината пилешка супа- Прочитајте зошто?!

    Дали некогаш сте се запрашале поради што пилешката супа најчесто е препишан лек за прелада или грип!

     Ги откриваме најдобрите откритија на оваа супа!

     На сите нас уште од детството ни е познато дека кога ќе се разболиме, мама веднаш ни спрема домашна пилешка супа.  Иако можеби не ги знаеме научните причини, некако оваа навика е станата како обичај кој подоцна го пренесуваме и на нашите деца.

     Ова се причините зошто нашите мајки или баби биле во право, а ние го применуваме кај нашите деца:

     Чистење на организмот

     Не само за да оздравиме, туку и да го зачуваме доброто здравје, еден од главните лекови е она познатото кое сите доктори ни го кажуваат а тоа е – пијте доста течности. Телото кое го напаѓаат различни алергии и вируси, потребно е организмот да се избори со нив и да искочи како победник, потребно истите да испарат од нашиот организам. Пилешката супа е еден од најдобрите начини телото да се исчисти од вирусот , бидејќи помага побрзо да ги исчистиме лошите работи од организмот.  

    pileshkasupa, babyshop, babyshopmk

    Дезинфекција

     Пилешката супа содржи доста сол, поради зачините кои се додаваат. Додека поминуваат низ грлото, имаат сличен ефект како да испраќаат топло солен раствор. Со други зборови, бактериите во грлото, во усната шуплина и крајници се уништуваат.  

     Чистење на суниси

     Слично како и другите топли течности како на пример чајот, исправувањето на топлата супа додека ја јадеме, помага синусите да се исчистат, а со самото тоа умираат и иритантните симптоми на настниката и грипот. 

    Зајакнување на организмот

     Кога телото е изморено и без енергија, како што е во случајот која сте настинати или имате вирус, одличен е внесот на протеини од пилешко место и неопходниот внес на зеленчук кои вообичаено се додава во супата.  

     Топлата супа грее од внатре

     Во случај на грозница, пилешката супа вас супер ќе ве загрее од внатре и ќе го стопли вашето тело, па затоа непријатните чувства ќе се ублажат.

     Студиите покажале дека пилешката супа му прија на телото и тоа многу повеќе од што мислиме. Докажано е дека пилешката супа спречува произведување на неутрофили, бели крвни ќелии кои со која практично се хранат бактериите и на тој начин создаваат поголем слуз.