Волшебна музика за предвреме родените бебиња
Срцето на предвреме родените бебиња чука побрзо додека спијат, а музиката може да им помогне во тоа и да го регулира дишењето. Затоа еден виолинист во Италија одлучи да им помогне на овие малечки.
Дека секој може да помогне на свој начин, докажа и еден италијански виолинист со златно срце.
Тој еден дел од своето слободно време одлучи да го посвети на предвреме родените бебиња на одделението за неонатална интензивна нега во болницата Santa Croce и Carle, свирејќи приспивни песни на виолина.
Познато е и научно докажано дека музиката може да биде лек како за младите така и за повозрасните личности и дека класичните мелодии можат да го намалат нивото на стрес кај пациентите, овозможувајќи им мир и на децата кои дошле на свет пред само неколку часа.
Светскиот ден на предвреме родените деца, кој секоја година се одбележува на 17 ноември, минатата година во оваа болница е одбележан на посебен начин. Иницијативата е покрената од медицинските сестри кои се грижат за малите херои.
Тие пронајдоа виолинист, кој одлучи на овие малечки да им подари музика. Виолинистот инсистираше на тоа да остане анонимен, затоа што верува дека тоа е гест кој не смее да се искористи за тој самиот да добие реклама.
И така новородените бебиња, нивните семејства и болничкиот персонал поминаа едно прекрасно попладне кое беше преполно со емоции, благодарејќи на класичната музика и приспивните песни кои ги свиреше виолинистот одејќи во сите соби.
Музиката им годеше на сите, а најмногу на овие мали борци кои ќе имаат физичка и емоционална корист од оваа прекрасна музика која имаа прилика да ја слушаат.