ВОВЕДУВАЊЕ НА ЦВРСТА ХРАНА И НОЌНОТО СПИЕЊЕ НА БЕБЕТО
Дали воведување на цврста храна ќе помогне бебето да ја преспие ноќта?
Со воведување на цврста храна бебето нема да почне да спие цела ноќ. Неговата способност да ја преспие ноќта зависи од неговите навики, а не од тоа што ќе јаде во текот на денот.
Друга работа е и тоа што бебињата мајчиното млеко најбрзо го варат, па почесто и цицаат уште од раѓање во однос на бебињата кои пијат адаптирано млеко. Ретко кое бебе цица на три часа, повеќето бебиња кои цицаат, цицаат на еден и пол час до два часа првите шест месеци. Честото доење е и начин да се створи доволна количина на мајчино млеко.
Воведување на цврста храна и сонот на бебето
Првата храна која му ја воведувате на бебето не е високо калорична, за да може да ја преспие ноќта. Сметајте дека ќе помине и доста време додека бебето почне да јаде полн оброк. Во почеток тоа ќе бидат до две супени лажици, после тоа ќе пие мајчино или адаптирано млеко.
Она што бебето ќе го изеде во текот на денот нема да има влијание на неговиот сон во текот на ноќта. Додека дојде до воведување на друг оброк-вечера, бебето би требало да има дневен оброк некое време.
Никогаш навечер не му давајте на бебето нов производ бидејќи не може да бидете сигурни дека нема да има алергиска реакција на новиот производ.
Начин на давање на вечерниот оброк
Кога ќе дојде време да се воведе и вечера, најдобро е да се консултирате со својот педијатар и нутриционист. Првата храна на бебето не е обилна, малку е калорична и нема да помогне бебето подобро да спие дури и ако му ја давате одма пред спиење. Единствена промена која можете да ја направите за бебето да биде подолго сито е оброк од адаптирано млеко или оброк од адаптирано или мајчино млеко со житарки. Сепак, имајте на ум дека мајчиното млеко е поздраво од било кој друг вид на храна и дека бебињата кои пијат мајчино млеко имаат подобар имунитет.
Никогаш немојте на бебето житарките или било која друга храна да ја додавате во шишенцето.
Многу истражувања покажале дека спиењето на бебето нема да се смени во зависност од тоа каква храна јаде, тоа зависи исклучиво од неговите навики и ритамот кој ќе му го наметнете.