
Воведување на цврста храна кај бебињата
Периодот на воведување на цврста храна во исхранта кај доенчињата, потребно е да обрнете внимание за следните работи: храната треба да биде храна која сте сигурни дека има најмалку алергени во себе.
Ние ви предлагаме со кое овошје и зеленчук да ја започнете промената за бебиња со полни 6 месеци.
Првиот зеленчук за бебето
Како зеленчук кој треба прв да се воведе во исхраната е компирот, тиквата, слаткиот компир, морков. Сировиот зеленчук како морковот, слаткиот компир и тиквата се одлични за првата кашичка бидејќи природно имаат сладок вкус и многу лесно можат да се претворат во пире. Доколку сакате, можете да додадете и мајчино млеко или пак адаптирано млеко со што бебето многу лесно би се навикнале на вкусот на зеленчукот.
Првото овошје за бебе
Како прво овошје, на бебето може да му се понуди јаболка, круша, банана, папаја и авокадо. Во процесот на припрема на овошје за бебе, многу е важно да се одбере зрело и вкусно овошје, па затоа потребно е да го пробате пред да му го дадете на бебето.
Јаболката и крушката се идеално овошје бидејќи од нив може на многу лесен начин да се направи кашичка, а бананата, авокадото и папајата можат да се дадат и без варење или пак готвење. Можат само да се испасираат.
Освен овошјето и зеленчукот, на бебињата исто така може да им се понуди и ориз кој поради својот млечен вкус е одличен избор за таа промена на цврста храна кај бебињата. Потребно е да се провери дали оризот содржи шеќер и доколку содржи истиот да не се користи, секако да содржи и витамини и железо.
Оризот може да се припреми со вода, мајчино млеко или адаптирано млеко и да се искомбинира со овошна или зеленчукова кашичка.