ВОВЕДУВАЊЕ НА КРАВЈОТО МЛЕКО ВО ИСХРАНАТА НА БЕБЕТО
ДАВАЊЕ НА КРАВЈО МЛЕКО НА БЕБЕТО
Рано воведување на кравјото млеко може да поттикне развој на алергија, кај бебињата кој се подложни на алергија
Белковини во кравјото млеко
Преку кравјото млеко се внесуваат големи количини на натриум, калиум, и белковини.
Молекулите на белковините во кравјото млеко се големи, можат да поминат несварени низ цревниот систем предизвикувајки крварење кое не е видливо со голо око. Таквото крварење со време доведува до недостаток на железо и анемија.
Железо
Железото во кравјото млеко се наоѓа во многу мали количини кое бебето не може да ги искористи.
Линолеинска киселина
Исто така бебето е лишено од внес на доволна количина на линолеинска киселина и витамин Е. Намалувањето на линолеумската киселина може да предизвика егзема, пролив и да го зголеми негативното дејство од пелените.
Протеини
Кравјото млеко содржи многу повеќе протеини од мајчиното млеко, што ги оптеретува бубрезите и може да доведе до дехидрирање. Доколку се разблажи, се внесува поголема количина на храна, ама се ствара подлога за инфекцијаи се ослабува инунолошкиот систем. Кравјото млеко содржи и двојно поголема количина на протеин казеин кој долго се вари и предизвикува запек. Протеините во адаптираното млеко се променети за да може лесно да се варат, а количината е приближно иста како кај мајчиното млеко. За да се обезбедат масни киселини и да се поправи млекото за да е сварливо, млечната маст е заменета со растителна маст.
Јогурт
Јогуртот може да го додадете во исхтраната откако бебето ќе наполни седум месеци.
Покрај него може да додадете и сирење. Јогуртот е богат со калциум и има активни бактерии кои дигестивниот систем кај бебето може да ги користи. Одличен избор е полномасен јогурт, за да може бебето да внесе и масти.
Сирење
При внесување на сирењето, треба да се отпочне со крем сирење и моцарела, сирење со благ вкус, а кога детето ќе се навикне на вкусот може да се воведе и гауда, ементалер и пармезан.
Лактоза
Бебињата со нетолеранција на лактоза можат без проблем да го варат јогуртот. Врста на лактоза во кравјото млеко не е во состојба да створи во цревниот систем на бебето чиста култура на корисни бактерии, затоа штетните бактерии слободно се размножуваат. Во лактозара се наоѓа и галактоза, која е потребна за изградба на мијелинска обвивка околу нервите, но ја нема доволно во кравјото млеко.
После првата година, почнете на детето да му воведувате кравјо млеко. Давајте му исклучиво полномасно млеко, бидејќи на бебињата им е потребна зголемена содржина на есенцијални масни киселини, кои се неопходни за нивното растење и развојот на мозокот. До втората година е обавезно полномасно млеко, а после тоа е доволно и млеко со 2,8% млечни масти.
Некои деца тешко го прифаќаат воведувањето на кравјото млеко. Пробајте во почеток да им дадете 1/3 кравјо млеко помешано со 2/3 адаптирано или мајчино млеко. Постепено зголемувајте ја количината на кравјото млеко. Потоа пробајте да го мешате со цереалијама или пире од зеленчук. Ако продолжи да одбива, дајте му на детето сутлијаш, гриз или пудинг (направен со кравјо млеко).
Во втората година потребна дневна доза е 500-700мл полномасно млеко. Повеќе од оваа количина не е потребно ниту пожелно за да не се смали внесот на другите хранливи намирници.
Кравјото млеко многу се разликува од мајчиното и адаптираното млеко, а бидејќи здравјето на детето е на прво место, потребно е да се причека додека детето не наполни една година.