ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Време е да си играме со боите
    Време е да си играме со боите

    Време е да си играме со боите

    Сите деца, посебно во младата возраст, сакаат да шараат по ѕидовите, столовите, книгите и играчките, а тоа секако Вие не им го дозволувате. Но, доколку некогаш сте помислиле да ги прекршите сопствените правила, сега е право време за тоа.

     igranjesoboi, deca, zabava, babyshop, praktcnamajka, забава, практчнамајка, деца, играње со бои

    Играјте си со боите во спреј

    Набавете неколку шишиња за распрскување. Можете да ги користите и оние од средства за чистење, но секако после темелно измивање. Исто така има опција и да ги најдете во продавниците каде се продаваат празни пластични шишиња за распрскување.

    Истиснете малку темпера, акрилни или некои други бои кои добро се раствораат во вода. Според можностите на тераса или во дворот распостелете стари весници, голем хамер или некое еднобојно платно кое повеќе не ви е потребно, потоа дајте им ги шишињата со прскалки на децата да прскаат додека тие сакаат.

    Доколку делови од хартијата или платното пред нанесување на бојата го прекриете со шаблони од картон, ќе добиете интересни апликации. Дозволете и на фантазијата да работи.

    практичнамајка, деца, забава, играњесобои, deca, zabava, igranjesoboi, prakticnamajka, babyshop

     

    практичнамајка, деца, забава, играњесобои, deca, zabava, igranjesoboi, prakticnamajka, babyshop

     

    Направете им авто-перална

    Кога веќе сакаат да цртаат по играчките , нека научат и да ги перат. Направете им мала авто перална, дајте им фломастери кои се бришат со вода и дозволете им да ги исцртаат автомобилчињата, тротинетите, трициклите и слично. 

    Кога ќе завршат со играта, дајте им кофички со топла вода, малку благ шампон и сунѓерче и со рачињата право на рибање. Верувајте на вашите деца ова ќе им биде многу забавно.

    Сигурни сме дека оваа мала перална во текот на летото ќе има многу работа 🙂

    sprayzaboenje, deca, majka, zabava, roditeli, babyshop, бебе, родители, мајка, забава