
Време за слатки зимници од зрели плодови-мешан мармалад
Време за слатки зимници од зрели плодови-мешан мармалад
Оваа недела, викенд кујната ја заменуваме со едноставни рецепти за приготвување на зимница. Ќе почнеме со мешан мрмалад (ммммм) вкусен за палачинки, крофни, штрудли, разни колачи или едноставно во зимските денови намачкан на лепче во придружба со топло чајче.
Потребни состојки
-4 кг сливи
-2 кг јаболка
-2 кг круши
-2 кг праски
2 кг кајсии.
1 кг шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, лажичка лимонтус и малку гродов оцет
Подготовка:
Сите плодови откако ќе ги исчистите, ќе ги обарите а потоа ќе ги изблендирате. Ги ставате во поголема шерпа и ќе ги варите околу 45 минути. Откако ќе ја извадите минималната пена што се прави, додавате 1/2 кг шеќер. Мешате 15-тина минути, потоа ако сакате да е послатко додавате уште 1/2 кг шеќер и веднаш ванилин шеќер, лажичка лимонтус и испрскајте ја масата овошје со гроздов оцет.
Следните 15-тина минути мешајте убаво, па тргнете ја шерпата настрана 5 минути и потоа вратете ја и мешајте уште 10 минути, исклучете ја рерната и мешајте додека не се намали жештината. Потоа, покријте го со голема влажна крпа и оставете го. Додека се олади-стане млако вие подгответе ги теглите. Наполнете ги и покријте ги до утредента.
Утредента можете да ги изненадите домашните со палачинки намачкани со домашниот мешан мрмалад, ќе бидат вистинско уживање.
превземено од www.kulturno.mk