ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  За ликовната уметност, работата со деца и секојдневната инспирација, разговараме со Маја Танева, Ателје 49
    За ликовната уметност

    За ликовната уметност, работата со деца и секојдневната инспирација, разговараме со Маја Танева, Ателје 49

    Ателје 49, место кое е целосно посветено на креативното изразување, катче каде сите креативци, љубители на уметноста, можеат да земат часови за цртање, сликање и вајање, едукативно и рекреативно.
    Ателје 49 работи и опстојува во креативниот свет благодарение на две уметници кои се дополнуваат постојано со својата различност, Маја Танева и Калиопи Трпчева
    Маја Танева под чие водство се часовите е основач на Ателје 49 е и професор по ликовна уметност и има 10 годишно искуство во неформалното образование а од скоро е и редовен професор во “Нова” .
    Калиопи Трпчева е илустратор, активен уметник и едукатор.

    Babyshop: Маја, уметноста и сликањето се вашиот живот. Ве молиме накратко објаснете ни од каде желбата за ликовната уметност?

    Маја: Клише одговор но сепак, сметам дека се раѓаме со чувството и желба за создавање, во мојот случај наследени гени од родител, мајка ми историчар на уметност, од свое 5то одделение знаев која професија ја посакувам.

    Babyshop: Имате дипломирано во Софија, но сепак творите и вложувате во уметноста во Македонија. Колку време работите со деца, какво е искуството да се работи со деца?

    Maja: Најубавото искуство и љубов, процесот на нивното развивање и како младинци и уметници е бесценет, во едукацијата сум 10 год, јубилејно оваа година.

    Babyshop:Вие сте уметник. Која е вашата функција како уметник во општеството?

    Maja: Постојано движење кон подобро, го постигнувам преку зголемување на самодовербата на младите, борбата за поголема свесност кон културното живеење, едукација на улогата и важноста на уметноста во целокупните сфери на животот.

    Babyshop: Имате ли идол, личност која ве инспирира?

    Maja: Ме инспирираат силни луѓе, активни,позитивни и за среќа ги имам неколку во мојот живот. Oд уметничкиот свет фан сум на Brian Smith, надреалистичен сликар и Damien Hirst.

    Babyshop: Може ли уметноста да се спореди со супер-моќта? Доколку да, кои се вашите супер-моќи?

    Maja: Да, може, мојата супер моќ е да создадам /извајам реалистичен акт.

    Babyshop: Има ли доволно интерес за ликовната уметност?

    Maja: Да!

    Babyshop: Имаме ли таленти со кои можеме да се пофалиме и дали интересот е поголем кај деца кои сериозно планираат да се занимаваат и да ја учат уметноста или пак преовладуваат оние кои доаѓаат поради хоби?

    Maja: преовладуваат учениците кои доаѓаат поради хоби. Во однос на успесите и признаниата изминатата годин, споделивме многу среќни моменти. Најзначен е изборот на наш ученик во издание под кураторска селекција на 200 најталентирани млади уметници во свет!


    Babyshop: Дали Атеље 49 до сега има учествувано на колонии и натпревари во и надвор од Македонија и дали има успех со кој сте исклучително горди?

    Maja: Нашите деца постојано учествуваат на државни, градски и меѓународни ликовни натпревари и скоро секоѓаш се меѓу подобрите. Горди сме на секое креативно искуство кое го доживуваат надвор од ателје, затоа и го потикнуваме куражот во нив да ги прифаќаат сите љубопитни понуди за различно креативно изразување и искуство.

    Babyshop: Како изгледа еден час со Маја Танева? Која е вашата оригиналност? По што сте најпрепознатливи?

    Maja: Препознатливи сме по спокојната и поддржувачка атмосфера во нашето ателје. Мојата оргиналност е во емотивната, топла и весела комуникација со моите креативци. За тоа како изгледа часот, ќе мора да дојдете, не постојат доволно зборови за да се опише целата работна атмосфера.


    Babyshop: Кои ликовни правци најмногу преферирате?

    Maja: Јас лично моделитање и цртање, во едукацијата сите техники започнувајќи од јагленот.

    Babyshop: Дали до сега имате направено изложба од работата на децата во Ателје 49?

    Maja: Да. Секоја година во Јуни месец имаме завршна изложба, темата ја предложуваат и бираат самите ученици. На оваа завршна изложба, секоја година доделуваме едногодишна стипендија и две дополнителни награди спонзорирани од нашиот соработнк Staedtler.

    Babyshop: Освен Ателје 49, имате ли и други активности со кои придонесувате во уметност?

    Маја: Да. Активен уметник сум на македонската ликовна сцена. Работам линеарна модерна скулптура. Последно претставување ми беше на струшки вечери на поезијата пред еден месец.

    Babyshop: Да можете да ги промените најгорчливите недостатоци на уметноста во Македонија, од каде би почнале?

    Maja: Од образовниот систем. Потребна ни е здраво образована младина. За да го постигнеме тоа, потребна ни е среќна околина, за да го постигнеме тоа, потребен е поголем спокој,самодовербата,себе прифаќањето се надградуваат со сите видови на уметност. Сите овие работи е невозможно да се постигнат со 1час неделно ликовно/музичко образование дополнето со не-кадарни професори.