• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  За пореметувањата на говорот и гласот кај децата предизвикани од оштетување на слухот -DYSENEIA, ни зборува М-р Ивана Урдаревиќ Логопед, специјален едукатор и рехабилитатор
За пореметувањата на говорот и гласот кај децата предизвикани од оштетување на слухот -DYSENEIA

За пореметувањата на говорот и гласот кај децата предизвикани од оштетување на слухот -DYSENEIA, ни зборува М-р Ивана Урдаревиќ Логопед, специјален едукатор и рехабилитатор

М-р  Ивана Урдаревиќ  Логопед, специјален едукатор и рехабилитатор

 

Пореметувањата на говорот и гласот предизвикани од оштетување на слухот се нарекуваат  DYSENEIA.

Редукцијата на слухот кај детето во прелингвален период или раниот лингвален период е причина за пореметување во развојот на говорот.

Според типот на оштетување се дели во две групи:

Dyseneia periferica и Dyseneia centralis

Во Dyseneia periferica спаѓаат:

-ANENEIA претставува неразвиен или недоволно развиен говор со редукција на слухот во прелингвалниот или раниот лингвален период

-LEIPOLALIA  е говорно пореметување кадешто консонантите се во омисија на еден или повеќе соседни случаи кадешто детето ги изговара само вокалите

-Dyslalia otogenis  е артикулативно пореметување предизвикано исклучително од периферно оштетување на слухот

– Артикулативните пореметување се класифицираат во:

  • Систематски
  • Несистематски дислалии

Кондуктивните оштетувања на слухот предизвикуваат:

-обезвучувања на звучноста на финалните консонанти

-со зголемување на прагот на коскената проводливост доаѓа до хипоназалност  или супституција на назалите М, Њ, Н со консонантите Б, Д, Г

Перцептивните оштетувања на слухот предизвикуваат

– Намалување на дискриминациските способности за туѓиот  но и за својот говор

– Ограничување на  динамиката на полето на интензитетот

Говорни пореметувања предизвикани од оштетувања на ЦНС ( dyseneia centralis )

Тука спаѓаат :

-АТЕЛОЕНЕИА е подоцнет развој на говорот кај децата со оштетен слух но не во голема мера

-АСАПХОЕНЕИА е мумлив говор  со отсуство на супрасегменталните особини и квалитети, предвикан е од пореметување на слухот од периферно или централно потекло или комбинација

-АТЕЛОЛАЛИА е задоцнување во развојот на говорот проследено со отсуство на  аудитивно памтење, лоша аудитивна перцепција, отсуство на чувство за говор како и други причини кои доведуваат да детето почне да користи гестикулации

-ИДИОЛАЛИА се изразува во исклучителна екстрема супституција на консонантите.

Социогени артикулативни пореметувања

– Говорниот модел е одлучувачки за развојот на говорот додека јазичната структура и нивото на јазикот во интелектуалниот и психичкиот развој на детето.

– Кај децата до 7 години рехабилиатацијата е полесна и дава подобри резултати додека постарите деца кои живеат со родители кои се глуви од раѓање или од раното детство третманот е подолг и потежок.

– За дијагностика и третман на случаите со артикулативни пореметувања од отоген тип потребно е комплетен тим, изградена методологија и комплетна техника.

– Перцепцијата и разбирањето на говорните пораки ги обезбедуваат:

– Типот на слушните остатоци

– Времето на настанување на слушното оштетување

– Времето на почеток на говорна рехабилитација

 

Оштетувањата на гласот предизвикани од слушни оштетувања се нарекуваат: АУДИОГЕНИ ДИСФОНИИ.

Детето кое рано го изгубило слухот од полесен  или среден степен лишено е од богатството на практичните употребувачки вредности на поедини зборови и на самиот говор и заради тоа неможе да го совлада говорниот фонд на зборови кои одговараат на негова возраст.

 

Заради тоа е неопходна логопедска – аудиолошка корекција на говорот!