ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  За развојот на говорот на детето потребен е разговор
    За развојот на говорот на детето потребен е разговор

    За развојот на говорот на детето потребен е разговор

    За развојот на говорот на детето потребен е разговор

    За учење на говорот неопходно е да разговарате со детето од самиот почеток иако тоа вас не ве разбира. Без разлика дали читате, гледате сликовница, пеете или пак готвите, добро би било сите активности да ги правите заедно пропратено со зборови.

    Таквиот “разговор” децата не можат да го водат со телевизоот кој денес е пречесто вклучен во домот. Помладите деца од три години за оптимален развој на говорот дневно треба да слушнат околу 26 илјади зборови во контакт со блиските. Во тој број, поради недостаток на интеракција, не се земени во предвид зборовите кои се слушаат гледајќи телевизор и цртани.

    Иако некои родители со право сметаат дека децата гледајќи цртани на телевизор можат да научат многу повеќе, на пример англиски јазик, за помалите под три години вреди обратното. Ним, звукот на телевизор (подеднакво и радиото) им претставува само една голема позадинска врева.

    Дури и малку постарите двегодишни деца па и тригодишни не профитираат многу ниту од едукативните говорни емисии колку и да се добро осмислени. Тие својот вокабулар најдобро го прошируваат во директен контакт како што е оној со родителите, постарите братчиња и сестричиња или пак додека ја слушаат учителката во градинка која чита и покажува во сликовницата. Едоставно поттикнете го развојот на говор. За развојот на говорот на детето потребен е разговор.  

    razgovor

    Едноставно поттикнете го развојот на говорот кај детето со помош овие совети:

    • Бидете пример – од раѓање зборувајте со своето дете и потоа одржувајте контакт со очите. На тој начин, детето ќе ги повторува вашите движења на усните. Со самото тоа што му се обраќате директно и го гледате вашето дете тоа ќе се почувствува вредно, сакано и сигурно.
    • Читајте, многу – слушањето на приказни може да предизвика и да го поттикне детето да го зголеми својот вокабулар.
    • Не го поправајте вашето дете – изговорот и граматичките грешки не ги поправајте едноставно, изговорете ги точно. Доколку го поправате, детето може да ја намали волјата за говорење.
    • Изразете ги своите чувства – говорете за своите чувства. На тој начин детето ќе знае и ќе научи како да ги изразува.
    • Рамноправни соговорници- разговарајте со детето онака како што би разговарале со било која возрасна личност. Дозволете му на детето до крај да се изкаже кога ќе сака нешто да каже и поставувајте му прашања. На овој начин ќе го охрабрите вашето дете да говори и во исто време да биде весело и среќно.