ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  За успорен говорен развој кај децата ни зборува М-р Ивана Урдаревиќ Логопед, специјален едукатор и рехабилитатор
    За успорен говорен развој кај децата ни зборува М-р Ивана Урдаревиќ Логопед

    За успорен говорен развој кај децата ни зборува М-р Ивана Урдаревиќ Логопед, специјален едукатор и рехабилитатор

    Развојна дисфазија (успорен говорен јазичен развој) подразбира патолошки неразвиен говор и јазик со кои детето се служи за елементарна комуникација. Таквиот говор не е во склад со возраста на детето, затоа што касно се развива.Доколку не се преземат мерки се случува детето воопшто да не проговори или со тек на времето да го прифати идеоглосниот говор.  Развојните дисфазии се најизразен вид на патологија на јазикот. Се манифестираат со недостаток на голем број на гласови , супституција на постоечките со непостоечки гласови, варијабилни дисторзии, ограничен речник и зборови кои означуваат конкретни појави и предмети од блиската околина. Недостасуваат некои зборови( заменки, предлози, прилози ) Не употребуваат прашални и одречни реченици и затоа таквиот говор се нарекува аграматичен, а во непотполните реченици изоставени се помошните глаголи, предлози и други говорни елементи (телеграфски стил)

    Потенцијално нормализирање на говорот зависи од многу фактори од кои примарни се етиологијата на оштетувањето, степенот, интелигенцијата, времето на започнување на логопедски третман, фамилијата. Етиолошките фактори се причините поради кои детето има некоја патологија во говорот. Постојат повеќе и тоа Невролошки, Генетски, Емоционални, Социјални или Комбинирани.

    *Невролошките проблеми се однесуваат на Ц.Н.С кои настанале за време на бременоста кај мајката

    *Генетски фактори –За сега сеуште нема релевантни податоци кои би укажувале дека патолошки неразвиениот говор е наследен

    *Емоционални проблеми ( внимание и воља ) 

    *Социјални  – влијанија на средината

    Клиничка слика:

    *Дефицит на аудитивна перцепција

    *Тешкотија во следење на брзиот говор на возрасните

    *Тешкотии во перцепција на фонеми

    *Дефицит во вербално памтење

    -Јазичен дефицит (Продукција и разбирање)

    *Фонолошка развиеност незрела за возраста

    *Сиромашен лексички фонд

    -Прагматика – можни ехолалии и метатези 

    Разбирање на говорот:

    *Фонемски слух е незрел за возраста

    *Разбирање на јазичниот исказ постои за едноставни вербални налози

     Прогнозата се изведува врз основа на дијагнозата, условите за развој во семејството и логопедскиот третман. Современиот третман бара рано отпочнување со вежби. Најуспешен развој се постигнува меѓу 2-5 година од животот зошто тогаш мозочните функции на детето се најсилни. Современиот третман на децата со јазична патологија задолжува за сестран пристап на нивниот проблем, развој на неуромоторните и субјазичните функции, контрола на однесѕвањето, социјализацијата, вниманието. Вакви големи задачи остварливи се со комплетна организација во секојдневниот живот, игра и вежби кај детето.