• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Забава и освежување: 10 идеи како да го искористите калапот за лед
Забава и освежување: 10 идеи како да го искористите калапот за лед

Забава и освежување: 10 идеи како да го искористите калапот за лед

Забава и освежување: 10 идеи како да го искористите калапот за лед.

Во нив можете да направите вкусни чоколадни коцки, замрзнати зачини и ушто многу други работи.
1. Коцки чоколадо
Откако сте го стопиле чоколадото во слатка павлака, ставете го садот/калпот за лед и замрзнете. Вака ќе добиете инстант ладни како и локоладни коцки .
2. Направете суши
Ако сте љубители на суши, а немате баш многу искуство со мотање на истите, послужете се со садот за лед. Со малите калапи едноставно ќе добиете вкусен оброк.
3. Остаток на вино
Доколку има оставено малку вино, не го фрлајте. Замрзнете го во сад за лед и користете го за правење гулап или пак вариво.
4. Цвеќе во ледени коцки
Изненадете ги своите гости со својата креативност. Наберете убаво ситно свеќе, измијте го под млаз на вода и замрзнете. Оваа коцка лед ќе биде одлична со било која пијачка.
5. Тесто за колачи
Заштедете време кога се работи за домашни колачи. Наместо да правите се од нула, направете тесто за колачи, поделете го коцки и замрзнете го садот. Секој пат кога ќе добиете желба за нешто слатко, извадете неколку коцки и испечете ги колачите.
6. Чоколадни truffles
Садот за правење на лед е многу добар калап за правење на чоколадни кугли. Прво калапот треба да се обложи со стопено чоколадо и веднаш да се стави да се замрзне, а потоа наполнете по желба.
7. Остатоци од сос или супа
Понекогаш во припрема за ручекот се прерачунаме и останува премногу сос или пак супа со која не знаеме што да правиме. Треба едноставно да се замрзне во мали коцки и подоцна може да се послужат како припрема за ново јадење или пак додаток во супа или сос кој веќе сме го направиле.
8. Свежи зачини
На лето се достапни разни свежи зачини, кои можете да ги сочувате и за зима ако ги замрзнете во маслиново масло. Овие ароматизирано коцки може да се состојат од еден или повеќе зачини како першун, босилек или било кој друг зачин кој го користите.
9. Желе
Направете класично желе и замрзнете го во сад за лед. Со ова ќе направиме вкусно златко залче на дното на чашата.
10. Мирисни коцки за одвод
Се што наоѓа во замрзната коцка се оцет и лимон. Коцките со смрзнатата мешавина фрлете ја во одвод во текот на готвењето и миењето на садови и повеќе нема да ви смета незгодниот мирис од одводот.