Заблескајте во полн сјај. Тајната намирница е во вашата кујна
Избелете ги вашите заби со намирница која се крие во вашата кујна
Јаболковиот оцет можете да го користите за избелување на забите но и како превенција од болести..Јаболковиот оцет ја регулира Ph вредноста во усната шуплина која често е нарушена поради нездравите прехрамбени навики. Јаболковиот оцет ќе ја намали киселоста во устата и на тој начин ќе го намали ризикот од болести во устата.
За избелување на забите јаболковиот оцет помешајте го со вода-една лажица од јаболковиот оцет растворете ја со една шолја вода. Во утринските часови, веднаш по миење на забите, исчеткајте ги повторно со јаболковата оцетна мешавина. Ова правете го секој ден за да ги оттргнете нечистотиите во забите и за да ви станат побели.
Чекори кои треба да ги следите за белеење на забите со јаболков оцет се:
Смесата вода со оцет пред користење добро протресете ја бидејќи најважно е соединувањето на цела смеса. Оцетот секогаш разредете го со вода, во спротивно може да ги оштети вашите заби. Миењето на заби со оцет не смее да биде повеќе од еднаш во денот за да не ја оштетите глеѓта.