ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Зачини во текот на доењето
    Зачини во текот на доењето

    Зачини во текот на доењето

    Во стручната литература не постојат податоци и докази за штетното влијание на зачините кои вообичаено се користат во секојдневната исхрана во текот на доењето.

    Понекогаш ќе добиете совет, најчесто во почетниот период на доењето, да избегнувате одредени зачини, како што се лукот и кромидот, кои можат да влијаат на вкусот на вашето млеко и со самото тоа да доведат до одбивност кај бебето на млекото.

    Зачините полека воведувајте ги во исхраната и внимавајте тоа да биде во мала количина.

    Како бебето реагира

    Она што е најважно е внимателно да пратите било какви промени во однесувањето или појава на одредени реакции кај бебето.

    Доколку забележите дека вашата исхрана не влијае на доењето и прифаќањето на млекото од страна на бебето, се советува исхраната да остане разновидна.

    Нормално, лутите зачини како што се: црвен пипер, бибер, кари и слично во потполност треба да ги исфрлите од менито во овој чувствителен период.