Занимливости за бременоста: Бебињата си играат во стомакот на мајката
Дали сте знаеле дека малечките си играат, сонуваат, произведуваат звуци во вашата матка?
Еве неколку интересни податоци:
-Содржината на солта во плодовата вода е иста како во морето.
-Паровите кои имаат само девојче, почесто се одлучуваат на уште едно дете.
-Првите бебешки мозочни бранови можат да се снимат веќе од 40-тиот ден од бременоста.
-Веќе со 79 дена, бебето во матката е повеќе склоно кон сладок отколку кисел вкус.
-Фетусот почнува да се мрда веќе од шестата или седмата недела од бременоста, но неговите движења трудницата може да ги почувствува најрано во седумнаесетата недела.
-Веќе во дванаесетата недела, бебето почнува да ги цица своите прстиња.
-Бебињата си играат со папочната врвка. Некои истражувања дури претпоставуваат дека ако фетусот ја стисне доволно цврсто, може да предизвика некаков вид на адреналинско возбудување поради краткорочното ограничување на снабдувањето со кислород.
-Веднаш после породувањето, бебињата ги препознаваат гласовите на своите родители, затоа што ги слушале во стомакот на мајката.
-Бебињата сонуваат уште додека се во стомакот. Истражувањата покажуваат дека веќе во 23-тата недела преживуваат фаза на брзо движење на очите (РЕМ фаза), која наговестува сонување, а тоа го поттикнува развојот на бебешкиот мозок.
-Близнаците меѓусебе развиваат посебен однос уште во матката. Еден италијански психотерапевт снимаше близнаци ултразвучно и “фати” како се допираат.
-Бебињата можат да произведуваат звуци во матката. Спрема истражувањето на шпанските научници, звучните вибрации можат да ги создаваат веќе од 18-тата недела.
-Новороденчињата имаат вродена љубов спрема човечките лица. Истражувањата покажаа дека со повеќе внимание ги пратат примероците кои се слични со човечкото лице од било кои други шарени останати примероци.
-Отприлика околку 30-тата недела од бременоста, бебето може да забележи светло надвор од мајчиното тело. Доколку светлоста се насочи директно кон него, тоа во стомакот ќе се сврти спрема изворот на светлоста.