Заштитните креми не се за бебиња
Заштитните креми не се за бебиња
На бебињата на возраст до 6 месеци никогап не им се става крема со заштитен фактор. Тие се заштитуваат на друг начин..
Како треба да се заштити бебето кога се изложува на сонце?
Бебето треба да биде облечено во тенка памучна маица и панталони. На главата задолжително да се стави шеширче со голема заштита, или наочари сои штитат од UV зраците. На количката закачете чадор за заштита од сонце, така што бебето за цело време ќе биде под ладовина.
Додека шетате надобро е да се биде излезен најдоцна до 10 часот пред пладне и после 16:00 часот.
Кој заштитен фактор треба да се користи по 6-тиот месец?
Децата постари од 6 месеци, потребно да бидат намачкани со крема со заштитен фактор, а ознака на кремата треба да биде SPF 15 или повеќе, како и производ кој има UVA филтер. Кремата се нанесува 20 минути пред да се изложува детето на сонце, а на секои 2 часа се нанесува повторно, се додека е детето изложено на сонце.
На одмор, постапката е иста. Важно е да се знае дека детето треба да се мачка со крема секој пат по излегување од вода, иако не се поминати два часа. Секогаш со себе носете чадор за заштита од сонце. Директното излагање на сонце на никој не му користи, посебно не на децата и бебињата.
Дали кремата за сончање може да биде штетна?
Препаратите за заштита од сонце, можат да бидат штетни доколку детето е алергично на одреден препарат или состојка. При купување на заштитна крема треба веднаш да обратите внимание кремата да не содржи PABA, бидејќи многу деца се осетливи на него.
Кога користите нова крема односно за прв пат, прво намачкајте мала површина и внимавајте дали ќе се појави осип , црвенило или пак чешање во наредните 24 часа. Доколку е се во ред и детете не изреагира лошо, слободно нанесете ја кремата на целото тело, посебно користете креми кои се исклучително наменети за бебиња.