
Заштита на бебето од сонце
Со доаѓањето на пролетта деновите се се подолги, потопли и бебињата и нивните родители одат на подолги прошетки. Сонцето на пролет може да лаже, ако подолго излегувате на сонце а кожата не е заштитена може да се јават големи последици. Кожата на помалото дете е чувствителна на сите негативни и претерани влијанија на околината.
Бебињата на возраст од 6 месеци не треба да користат крема со заштитен фактор. Заштитата треба да биде на друг начин, на главата да имаат шеширче со настрешница, на очите очила кои штитат од UV зрачење, на количката да се закачи чадорче за заштита од сонце, така што бебето секогаш ќе биде во сенка, а на рацете и на обравчињата да се стави масна крема.
Новороденчето поголемо од 6 месеци потребно е да е намачка со крема со најголем заштитен фактор. Кремата ја нанесуваме 20 минути пред излегување на прошетка и повторно ја нанесуваме на секои 2 часа. Препорачливо е да се избегнува излегување на сонце во природа од 10 – 17 часот. Кога купувате крема внимавајте кремата да не содржи ПАБА, затоа што многу бебиња се чувствителни на оваа состојка. Кога ќе почнете да користите нова крема прво морате да ја тестирате. Намачкајте мал дел од кожата на бебето во делот под лактот и внимавајте дали ќе се појави некоја реакција, црвенило или чешање во следните 24 часа. Ако нема промени на кожата, детето може да го намачкате со оваа заштитна крема. Облеката мора да биде памучна, а материјалот со густо ткаење, прилагодена така да може да штити од сонце и со посветли бои.