
Заштита на кожата од сонце кај бремените жени
Отсекогаш сте имале природно убава и здрава кожа, ни во пубертетот не сте имале мозолчиња, а триесетите сте ги дочекале без бори. Верувате дека за тоа е заслужна добрата генетика, бидејќи и вашата мајка е младолика, па сте биле опуштени кога е во прашање негата на лицето и не сте се интересирале за кремите за лице. Меѓутоа во летниот период во бременоста може да приметите некои флеки на лицето. Затоа посетете го дерматологот да најде решение за вашиот проблем. Сигурно е дека вашиот дерматолог ќе се сложи со вас дека тоа се флеки кои излегуваат во бременоста и настануваат поради хормонските промени и излегувањето на сонце. Поради тоа потребно е да го мачкате лицето со крема со поголем заштитен фактор и да носите шешир со поголема настрешница, за флеките да не се зголемат и да не излегуваат нови. Тие сами ќе се повлечат после породувањето.