ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Збогум пелени
    Збогум пелени

    Збогум пелени

    Кога ќе поминат првите грижи со кои мака мачевте откривајќи ги сигналите кои ви ги праќа новороденчето за тоа кога е гладно, сито, го мачат ли грчеви, дали нешто го боли или само е уморно, на ред е оној потежок дел, како детето да го навикнете на нокшир.

    Празнењето на стомачето и мочкањето е физиологија и тоа не треба да биде причина за напнатост, ниту одвикнувањето од пелени треба да го претвориме во семејна претстава.

    Период за одвикнување од пелени не постои. Тоа почнува кога детето ќе почне да чувствува кога му се мочка, а тоа е помеѓу првата и втората година од животот. Детето само почнува да дава сигнали дека знае што се случува во пелените. Само кажува дека извршило нужда. Сепак, во почеток детето не реагира пред да ја изврши нуждата, за тоа зборува откако е се готово. Во тој период родителите треба на детето да му го покажат нокширот и да го предупредуваат дека таму треба да кака и мочка.

    Детето треба да се охрабри да им каже на родителите кога има потреба од нужда, па и ако се употреби пелена, треба да се нагласи дека другиот пат ќе биде подобро. Немојте да му викате на детето ако не успее да стиге до нокширот или WC-то, во овој период охрабрувањето му е многу важно. Процесот на одвикнување од пелени трае подолго време, затоа што детето треба да употреби многу мускули и нервни рефлекси, се додека тоа не стане автоматски процес.

    Во текот на процесот на одвикнување од пелени треба да се покаже разбирање кон детето, да го поттикнувате и наградувате. Казнувањето и исмејувањето не е дозволено. Ако детето кога ќе наполни четири години сеуште не го контролира какањето и мочкањето, родителите треба да побараат совет од лекар. Родителите треба да реагираат многу брзо, а не да мислат дека детето не го совладало контролирањето на нуждата намерно или од инает.