ЗБОР ПО ЗБОР….. ВИДИ, КОЈ ЗБОРУВА?!
Новите истражувања покажуваат дека бебињата усвојуваат вештини на вербална комуникација многу пред да проговорат. Еве како да им помогнете во тој процес…
Резултатите на истражување на универзитет во Вашингтон ги потврдиле досегашните претпоставки: мозокот на бебето процесира и го вежба говорот со месеци пред да го изговори првиот збор. Тим на неуролози ја прател активноста на седуммесечно, единаесетмесечно и едногодишно дете додека слушале снимен говор на мајчин јазик и на странски јазик. Студијата покажала дека на тој начин се активира дел од мозокот на бебето задолжен за говорот.
Ова е многу значајно откритие бидејќи покажува дека мозокот на детето на оваа возраст веќе е спремен за главниот чекор во развојот на говорот. Можеби вашето бебе делува како да не е заинтересирано за она што му зборувате, но внимателно ги слуша вашите зборови и во себе спрема одговор кој ќе ви го даде во иднина.
Кај децата кој слушале снимен говор, експертите воочиле активност во аудиторниот дел на мозокот кој процесира звук. Кај помалите бебиња, нивото на активности било исто и при слушање на мајчиниот јазик и при слушање на странскиот јазик, што упатува на заклучок дека нивниот мозок не ја познава разликата помеѓу јазиците, само се фокусира на говорот.
До првите две години од животот, механизмот на преработка на звукот се менува. Бебињата од оваа старосна категорија покажуваат засилена моторичка активност кога го слушаат странскиот јазик. Научниците тоа го објаснуваат со фактот дека на децата им е потребно повеќе време да го совладаат изговорот. Сепак, аудиторната област била најактивна кога бебињата го слушаат мајчиниот јазик, што значи дека разбрале дел од тоа што им е кажано.
Сето ова упатува на фактот дека е многу важно да им зборувате на своите дечиња дури и кога се многу мали, за да реагираат на тоа што ќе го слушнат.