Здрав хамбургер
Ако сакате хамбургер, без разлика дали е за ручек или рана вечера земете го предвид овој здрав хамбургер. Сигурно ќе се одушевите, а здравјето нема да ви се наруши.
Потребно е:
250 грама овесни снегулки, 500 грама рендани моркови, 2 чешниња млад лук ситно сецкан, половина магдонос, 3 јајца, 2 лажички билни зачини, 250 мл млака вода, 50 грама семки од сончоглед, 50 гр рендано гауда сирење.
Припрема :
Овесните снегулки помешајте ги со вода. Додадете ги јајцата, билните зачини, магдоносот и оставете ги барем 20тина минути. Потоа, во смесата додадете ги ренданите моркови, посолете ги, додадете го гауда сирењето и се добро помешајте. Поздрав начин за да го зготвите е да го печете во релна. Малку ставете маслиново масло и печете го на 200 степени 15тина минути.
Се служи со омилените прилози и лебче по сопствен избор.