Здрав леб
Потребно е :
1 шолја семки од тиква,
1 шолја овесни снегулки,
½ рака ореви,
½ рака сирови бадеми,
2 лажици чија семки,
10 лажици маслиново масло,
⅔ шолји врела вода,
2 јајца,
1 лажица сода бикарбона.
Подготовка
Вклучете ја рената на 170 степени, потоа во блендер ставете ги семките од тиква, овесните снегулки, бадемите, оревите и блендирајте ги додека не добиете крупно мелено брашно. Додадете сода бикарбона, чија семе, маслиново масло, јајцата, водата и измешајте. Потоа внимателно ставете ги во калап обложен во хартија за печење. Печете околу 50-60 минути. Печењето на лебот оставете го да се олади но чувајте го во хартијата за печење. Можете да го јадете и со солени и со слатки намази.