• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Здрав сон = здраво дете!
Здрав сон = здраво дете!

Здрав сон = здраво дете!

Хроничниот недостаток на сон може да го ослаби  имунитетот, а уморни (ненаспани) деца имаат тенденција на настинки, грип и други заразни болести. Покрај тоа, овие деца потешко ја следат наставата, учат и ги извршуваат задачите кои се бараат од нив.

Лошите оценки се само еден фактор, иако не и најтежок, резултат на недостаток на спиење што ја нарушува меморијата и способноста на мозокот да собира и обработува информации. Исто така, на уморни деца им е тешко да достигнат концентрација, а понекогаш и тие заспиваат за време на часот.

Ова се појави што најверојатно прво ќе ги забележат наставниците, а нивната обврска е да ги информираат родителите и проблемот да биде корегиран на време. Значи, ако мислите дека вашето дете не спие доволно, а вашиот наставник го потврдил ова со набљудување на однесувањето на вашето дете за време на часот, направете ги следните чекори. 

Згасете ги светлата!

Поставете време за спиење и не дозволувајте отстапување. Искуството покажува дека кога родителите го одредуваат времето за спиење, децата спијат во просек 45 минути подолго од оние деца во чија куќа има “флексибилно” време за сон, или децата го одредуваат тоа. Родителите треба да го одредат времето за одмор во текот на целото основно, дури и средно училиште. Се разбира, кога ќе наведете одреден час за спиење, не “преговарајте” со децата, ниту пак правете отстапки, дури и за време на викендот.

Одередете го времето за вечерните активности

Подготовките за одмор треба да се спроведуваат подеднакво сериозно како подготовки за одење во училиште секој ден. Одредете го времето за домашна работа, учење и вечера, најмалку три часа пред спиење, така што поспаност и пад на концентрацијата нема да влијаат на овие активности. Снимете ги омилените програми на вашето дете кои се емитуваат по истекот на времето за спиење, за да може подоцна да ги види.

Мудро избирајте ги вечерните активности

Децата не треба да бидат вклучени во спортски активности, односно да тренираат, во доцните вечерни часови (во седум или осум часот), бидејќи тоа значи поместување на времето за вечерата и легнување.

Нека петок биде ден за задоцнето заминување во кревет

Ако сакате да гледате филм со детето или да уживате во некоја игра или активност, со што ќе го пречекорите утврденото време за спиење, нека биде во петокот вечер. Сепак, вратете се на примената на старите правила за спиење во сабота и недела. Експертите велат дека нашиот биолошки часовник се ресетира секој ден. Затоа, ако му дозволите на вашето малечко да остане будно до доцна навечер, а потоа да стане доцна наутро, тогаш го ресетирате неговиот внатрешен часовник за неколку часа однапред. Се разбира, исто така ќе имате голем проблем додека го будите во понеделник, а детето ќе ја започне  неделата со дефицит на сон.

Отстранете го кофеинот од вашата исхрана

Се разбира, никој не мисли дека ќе му дадете на детето кафе пред спиење. Сепак, многу други прехрамбени продукти исто така содржат кофеин: чоколадо, флаширан леден чај, енергетски пијалоци, па дури и некои овошни сокови  содржат кофеин. Инаку, газиран пијалак со кофеин ќе делува на дете со тежина од 18 кг, како и две чаши кафе за возрасен човек. Значи, најдобро е на децата да им  дадете вода и млеко. 

Создадете зона без електрични апарати

Не го држете телевизорот во детска соба. Исто така, исклучете го вашиот компјутер, мобилен телефон, mp3 плеер и видео рекордер еден час пред да се исклучи светлото, што треба да го сигнализира вашиот мозок дека е ноќно време и време за спиење. Сите досега спроведени студии покажуваат дека гледањето телевизиски програми, особено ако телевизорот е во детска соба, предизвикува проблеми со спиењето.

Биди најдобар пример

Децата го копираат однесувањето на нивните родители во сè, така и во навиките на спиење. Неретко, тие ги гледаат “дежураат”, а потоа “се освестуваат” со многу чаши кафе и енергетски пијалоци. Значи, ако сакате да ги пренесете добрите навики на вашето дете и да му покажете дека е важен долг и квалитетен сон, тогаш треба да се однесувате така! 

Колку сон е потребно за нив?

Од 2 месеци до една година: 14 – 15 часа дневно

Од 1 до 3 години: 12 – 14 часа дневно

Од 3 до 6 години: 11-13 часа на ден

Од 6 до 12 години: 10 – 11 часа на ден

Од 12 до 18 години: 8 ипол – 9 часа на ден