
Здрава храна за вашиот мозок
Нашите прехрамбени навики диктираат како ќе се чувствуваме и како нашиот мозок ќе работи. Доколку изедеме три крофни за доручек, ќе се чувствуваме многу уморно и поспано. Но, доколку изедете шумско овошје, житарици и ореви на пример, ќе се чувствуваме многу полетно и енергично.
Подолу ќе најдете совети кои ќе ви помогнат како да го потикнете вашиот мозок.
За мозокот е битнен внесот на доволно количина на вода.
80% од мозокот е сочинет од вода. Дури и мала дехидрација ќе предизвика лачење на хормонот за стрес, а долготрајна дехидрација ќе донесе до оштетување на мозкот. Затоа треба да се внесувааѕ 2 литри вода дневно, а доколку многу се потите(посебно во лето) треба дури и повеќе. Доколку бирате помеѓу обична вода и сокови со дополнителни благи додатоци, секогаш одберете вода.
Доколку сакате да додадете вкус, можете да исцедете лимун или портокол, битно е тоа да е природно, бидејќи соковите кои би ги купиле по продавници, содржат адитиви кои не се пожелни.
Ограничете го внесот на калории.
Истражувања кои биле спроведени и на животните и на луѓето покажале дека во двата случаи важи правилото “Јади помалку, живеј повеќе”. Секако сите ние би сакале да е обратено, да можеме да јадеме многу и тоа да е здраво. Но истражувањата не лажат.
Треба да внесувате најмалку 1800 калроии дневно. Добитна комбинација е да јадете по малку и здраво, но тоа малку да биде корисно за нашиот организам. Ние мораме да ги внесеме потребните работи на паметен начин.
Внесувајте храна богата со антиоксиданти
Антиоксидантите добиени од овошје и зеленчук служат како чистачи на вашиот мозок бидејќи ги ослободува од насобраните слободни радикали. Сознанијата за важноста на антиоксидантите почнаа да излегуваат на виделина дури во последно време, па затоа луѓето сеуште не се информирани дека е потребно да се води сметка за истите – антоксидантите.
Витамин- Ц и бета каротен посебно ќе ги издвоиме бидејќи тоа се состојќи кои се најактивни како антиоксиданти. Одличен извор на витамин Ц се ракчињата, цитрусите како (портокал, лимон, греипфрут), зелените салати.
Во наведените извори Витаминот Ц постои и во други овошја и зелечуци кои се од огромно значење кога станува збор за антиоксидантите, а тоа се:
– Шумско овошје како што се боровница, малина, јагоди…
– Авокадо
– нБрокула
– Црвена пиперка
Златно правило е дека разнобојното овошје и зеленчук треба да го конзумираме за да бидеме сигурно дека ги имаме внесено потревните витанимини.
Научете да ги разликувате добрите и лошите масти со тоа што ќе конзумирате добри масти
Она што е потребно е што повеќе да ги користите апетисаните бидејќи содржат омега-3 киселни . Токму овие претставуваат добри масти за вашиот организам.
Доручек – најважниот оброк во текот на денот
Секој пат колку и да трае долго, се започнува со првиот чекор. Исто така секој ден започнуваме со доручекот. Ручекот и вечерата веројатно мораат да се направат во брзање поради брзиот начин на живот. Но за доручекот не треба да имате оправдување.
Наш предлог за здрав доручек кој го нарековме шумски доручек:
Во сад ставете млеко(кравјо, соја, бадемово или оризово) ставете шумско овошје (шумското овошје ќе го најдете замрзанто во секоја продавница). Почекајте шумскотот овошје да се одмрзне малку, да може да се одделат парчињата. Додадете житарици (чисти житарки без дополнителни додатоци кои сигурно ќе ги најдете во голем дел од продавниците). Додадете апетисани (бадеми, леншници, ореви, индиски и бразилски ореви и сл). Додадете ленени семки или лажица ленено масло и една лажица мед.