Здрава храна и загарантирана забава
Здрава храна и загарантирана забава
-Супер совети за скара со семејството и пријателите.
1. Изберете нискокалорична храна
Доколку не сакате да имате проблем со здравјето и тежината, на скара печете пилешко, мисикркино или пак риба. Намирниците маринирајте ги ден пред излетот, со малку масло, најдобро е маслиновото и вашите омилени зачини (медитерански, чили, лук, бибер, црвена пиперка, рузмарин, магдонос).
За уште поголемо изненадување, месото испечете го замотано во фолија или послужете го со зеленчук. Како и да е, не претерувајте со храната, направете повеќе мали оброци.
2. Зеленчукот е задолжителен
Не го заборавајте зеленчукот. Месото е одлично, но не е единствената намирница на светот. Зелечнук на скара може да биде совршен оброк за вас, а ќе ги развеселат и вегетаријанците меѓу друштвото. Дали сте пробале печурки на скара, со малку путер и зачини или пиперки наполнети со павлак, ражнич од тиквички, пиперки, лук и домат?
3. Избор на салати
Салатите држете ги подалеку од скарата, за да бидат свежи, Во голем сад ставете зелена салата, свеж домат, пиперка, лук, краставица и зачини, малку маслиново масло. Можете да додадете и чиа семе или пак семе од лен. Можете да направите и класична салата со компир.
4. Совети за вкусен леб
Бирајте леб од четири житарки, па малку попржете ги на решетките. Немојте да го домастувате, лебот и онака ќе ги земе сите сокови од храната на скарата. Ако сакате да го избегнете, тогаш најпрво пречете леб, а потоа месо и зеленчук. Подоцна можете да го подгреете. На скарата можете да печете и лебчиња за бургери па размислите и за тоа да ги израдувате малечките.
5. Не го заборавајте десертот
Овошната салата е идеален десерт кој нема да ви се растопи, а нема ни да ги загрози вашата линија и здравје. Овошјето, како што кажавме може да биде свежо или печено. Доколку сакате да пробате нешто ново, ставете неколку кришки јаболко на скара па потоа прелијте ја со мед или јаворов сируп. Нема да зажалите.
6. Вода, вода и само вода
Без разлика што и да јадете, не заборавајте да пиете вода. Хидрацијата на телото е многу битна, посебно на сонце-и тоа кога многу ајдете, пиете, скокате.
7. Чистотата е пола здравје
Се што погоре споменвамме е во служба на уживањето и забавата, но постои помалку забавен дел , а тоа е чистењето на скарата. Пред печење, а и после секое печење на скара мора детално да се исчисти. Доколку сакате здрава и вкусна храна, пред почетокот на печење, најпрво со четка за чистење на скара а потоаи со детергент и вода. Големата температура дополнително ќе тргне се што не сакаме да го имаме во организмот нити пак во храната.