• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Здрава и многу вкусна пилешка паштета од бело месо (Рецепт)
Здрава и многу вкусна пилешка паштета од бело месо (Рецепт)

Здрава и многу вкусна пилешка паштета од бело месо (Рецепт)

Здрава и многу вкусна пилешка паштета од бело месо (Рецепт)

За доручек, вечера или ужина. Пробајте совршена паштета од бело пилешко месо.

Потребно е:

2 парчиња на пилешки гради

1 свеж лук

1-2 лажици капари

10 црни маслинки без коска

2-3 гранчиња свежа мајчина душица

Малку магдонос

Маслиново масло

½ сок од лимон

Сол, бибер

1 лажица сенф

Припрема:

Пилешкото месо ставете го во солена вода. Кога ќе се свари исцедете, но задржете ½ шоља од сварената вода. Оставете го пилешкото месо целосно да се олади.

Во блендер ставете пилешко исецкано на парчиња, додадете состојки и додадете ја сварената вода.

Миксајте се додек смесата не стане кремаста. Пробајте, па доколку е потребно додадете сол, бибер, лионов сок и сенф. Наместо сенф, можете да додадете мајонез доколку тоа го сакате повеќе.

Ставете во фрижидер да се олади.