Здрава и среќна трудница!
Иако летото го буди најдоброто во нас, да се биде трудница во текот на топлите денови навистина не е лесно. Во продолжение, ви прикажуваме неколку едноставни совети кои можете да ги примените со што би се чувствувале добро, позтивно и би уживале во бременоста.
– Хидрацијата е важна!
Една од основните работи кои можете да ги направите е толку едноставно: пијте вода! Многу е важно да внесувате голема количина на вода во бременоста а посебно во текот на големите горештини. Потребно е да испиете најмалку 8 чаши вода дневно (околу 2 литри вода). Избегнувајте сокови и газирани пијалоци од кои ќе бидете уште повеќе жедни.
– Хранете се здраво
Следната многу битна работа е да се внесува свежа и здрава храна што е клучно за здравјето на вас и вашето бебе. Во текот на летото навистина постои голем избор на свежи намирници а изборот е на вас! Овошјето и зеленчукот се одличен избор на витамини и минерали а пробајте да го конзумирате барем 5 пати дневно.
– Раздвижете се!
Летото ви дава можност за забава и рекреација, секако прилагодена за трудници. Шетањето може да биде одличен избор бидејќи деновите се подолги, но не заборавајте дека не треба да бидете на топло за време на највисоките температури. Само 30 минути шетање, три пати во неделата, се подобрува здравјето на трудницата но и на бебето.
– Одвојте време за релаксација
Одморот е повеќе од потребен за трудниците, бидејќи кога одмарате, се зголемува протокот на крв низ постелката со што вашето бебе добива повеќе кислород и хранливи нутриенти. Доколку сте долго време во седечка положба во текот на работното време, одвојте барем 15 минути за релаксација.
– Правете го она што вас ве прави среќни!
Бебето го чувствува вашето расположение а тоа сигурно е повеќе од добра причина да го правите баш она што најмногу го сакате. Тоа може да биде гледање на омилениот филм, опуштање со добра книга, посета на козметички салон, масажа за трудници….се она што вас ве прави среќни!