• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Здрава ужинка: Леб од овесни снегулки и мак
Здрава ужинка: Леб од овесни снегулки и мак

Здрава ужинка: Леб од овесни снегулки и мак

Едноставен за правење, овој леб ќе стане омилена ужинка на вашето семејство.

Состојки:

-2 1/2 шолји овесни снегулки

-4 јајца

-1 шолја грчки јогурт

-3/4 шолја мед

-1/4 шолја сок од лимон

-1 лажица рендана кора од лимон (по желба)

-1/4 шолја мак

-2 лажички прашок за пециво

– еден прст сол

Припрема:

Овесните снегулки мелете ги во блендер и оставете ги на страна.

Во една поголема длабока чинија изматете јајца и додадете го јогуртот и мешајте додека не се добие фина смеса. Додадете мед, лимон и кора од лимон и повторно мешајте.

Во смесата додадете ги мелените овесни снегулки, мак, прашокот за пециво и солта. Мешајте додека смесата не се израмни. Потоа истурете во тепсија и печете во загреана рерна на 180 степени, 30 до 35 минути.