• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Здрави ражничи на детското мени
Здрави ражничи на детското мени

Здрави ражничи на детското мени

На детските забави и собиранки на масите главно можеме да сретнеме нездрава храна – колачи, грицки и газирани сокови. Сепак, забавата во ваша организација и организација на вашето малечко може да биде забавна, но воедно и здрава кога станува збор за храната.

Децата обожаваат храна на стапчиња, што објаснува и зошто момчињата и девојчињата бираат сладолед на стапче, а поретко во чашка, колку и да е таа шарена. Токму со стапчињата можете да ја разубавите роденденската трпеза на своето малечко – така што на ражничот ќе нанижете шарени кругчиња и коцкички од зеленчук и месо.

Потребно е:

500 грама мисиркино филе

200 грама тиквички

150 грама свежи пиперки

100 грама пченка од тегла

Лажичка Ц зачин

Две лажички маслиново масло

Припрема:

Мисиркиното филе исецкајте го на коцки, па посипете го со Ц зачин. После тоа, потопете го во маслиново масло и измешајте. Оставете го зачинетото филе да одстои во фрижидер околу еден час. За тоа време тиквичките исечете ги на кругови, а свежите пиперки на коцки. Наизменично ставете ги на ражничот маринираното месо, тиквичките, пиперките и пченката. Печете ги ражничите десет минути. Додека печете, вртете ги на сите страни.