ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Здравје и исхрана: 6 причини за секој ден да јадете по една рака ленено семе
    Здравје и исхрана: 6 причини за секој ден да јадете по една рака

    Здравје и исхрана: 6 причини за секој ден да јадете по една рака ленено семе

    Семките на ова растение содржат голема количина на есенцијални масни киселини кои се неопходни за здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем, но и за нервниот систем и  одбрамбениот систем на организмот во целост.

    Стручните лица препорачуваат една лажица ленено семе дневно. Можете да го додадете во вашата овесна каша, салата, чорба, вода, смути итн.

    Еве неколку причини поради кои треба да конзумирате ленено семе:

    Добро е за мозокот

    Богато е со омега 3 масни киселини, што е многу важно за вегани или поединци кои не конзумираат морски плодови. Го поттикнува развојот на невроните и ја регулира функцијата на мозокот. За целокупно подобрување на здравјето на мозокот доволни се една до две супени лажици ленено семе дневно.

    За подобро варење на храната

    Лененото семе е одличен извор на диетални влакна, што значи дека варењето на храната ќе функционира подобро, подобро ќе се исфрлаат токсините и вишокот на масти од телото. Исто така може да се подобрат многу дигестивни проблеми како запекот и нередовната столица.

    Ќе се чувствувате сити

    Лененото семе е одличен извор на протеини кои ќе ви помогнат да останете сити. Долгиот период на заситеност значи и помало внесување на калории што може да резултира со слабеење.