ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Здравје на новороденчето: Што е хеморагична болест и како да ја спречите
    Здравје на новороденчето: Што е хеморагична болест и како да ја спречите

    Здравје на новороденчето: Што е хеморагична болест и како да ја спречите

    Хеморагичната болест кај новороденчето се јавува поради недостаток на витамин К, а педијатарот Маја Скендер не советува како да ја спречите оваа болест кај Вашето бебе.

    Хеморагичната болест кај новороденчето е стекнато, минливо пореметување на коагулацијата на крвта кај новороденчето, а ја карактеризира намалена активност на витаминот К како зависен чинител на коагулацијата.

    Витаминот К е важна состојка на некои фактори на згрутчување на крвта, без кои не само што крвта не може да се згрутчува после повредата, туку и настануваат спонтани крварења.

    На заболените бебиња, покрај витамонот К, понекогаш е неопходно да им се даде крвна плазма која содржи фактори на згрутчување, а кај губитокот на поголема количина на крв и трансфузија на еритроцити. Кај овие бебиња, подоцна е потребна повеќемесечна терапија вклучувајчи препарати со железо.

    Како Вие можете да превенирате кај хеморагичната болест кај Вашите деца

    Со цел да се спречи појавата на оваа болест, пропишано е задолжително давање на витамин К на своите деца непосредно после породувањето. Освен тоа, многу е важно што порано да се започне со доење, со што се поттикнува населување на “добри” бактерии во бебешките црева, производители на витамин К. Одредена количина бебето добива и преку мајчиното млеко.

     

    Меѓутоа, затоа што овој витамин е растворлив во масти, а не во вода, го има само во таканареченото последно млеко, богато со масти. Од таа причина е исклучително важно детето да цица до крајот од едната дојка, па дури потоа од другата, како би го исцицало “последното” млеко.

    Доколку го доите по десет минути од секоја дојка, тоа добива само “прво” воденасто млеко и постои ризик да оболи од хеморагична болест.