ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Зелена столица кога го доите бебето
    Зелена столица кога го доите бебето

    Зелена столица кога го доите бебето

    Во првите месеци на бебето, во главно се грижиме за многу работи, некогаш грижата е без причина, поради погрешни верувања. Некогаш се сметало дека зелената столица на бебето е таканаречена “столица на глад”, па жените многу често престанувале да дојат, и им воведувале дохрана и слично.

    Денес знаеме дека зелената столица најчесто не е причина за грижа и дека не треба да се прекинува со доење.

    Зошто столицата на бебето е зелена?

    Зелената столица кај бебето не е причина за загриженост. Бојата обично треба да е од зелнкасто-кафена до златно жолта.

    Ако вашето бебе има зелена столица, причина за тоа може да биде:

    Ако пиете лекови за железо, или ако вие или бебето пиете некои лекови.

    Ако бебето примило вакцина, на некоја може да реагира со зелена столица

    Бебето голта одеднаш повеќе млеко. Можно е и да се направат ситни меурчиња воздух кои ќе произведат експлозивно зелена столица. Можете да пробате да го храните бебето така што ќе лежите на грб, така да млекото оди поспоро и се додека тоа го сака. Во таа положба млекото ќе оди поспоро.

    Може да се случи бебето да реагира на некоја храна која сте ја изеле. Ако покрај зелената столица добие и екцем или се исфрли, најдобро е да го однесете бебето на преглед кај педијатар.

    Бебето може да има и инфекција, посебно ако има и дијареа. Столицата на бебето кое цица е вообичаено ретка, ама ако приметите промена во изгледот на столицата, однесете го бебето на преглед кај педијатар.

    Ако не сте сигурни дека бебето јадело доволно, држете го неколку минути откако ќе заврши со цицањето исправено, а потоа понудете му повторно да цица. Некои бебиња сакаат да направат пауза пред да продолжат да цицаат. Вашето бебе знае колку храна му е потребно и не можете повеќе даго храните ако само го доите.