• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Зелено пире од карфиол и блитва
Зелено пире од карфиол и блитва

Зелено пире од карфиол и блитва

Ова јадење со необична боја може да се даде на бебето веќе на седум месеци без жолчка, а по осмиот месец и со жолчка.

Состојки:

 

     неколку цветови карфиол

     четири листа блитва

     две лажици ориз

     лажица маслиново масло

     варена жолчка

 

Подготовка:

 

     Подгответе (сварете) го оризот во малку вода. Кога е полу-варен, по околу десет минути готвење, додадете неколку цветови карфиол и варете уште пет минути.

     Потоа додадете четири листа блитва кои претходно сте ги исчистиле од белата рачка и гответе уште пет минути.

     Доколку е потребно, може да се додаде вода ако оризот се апсорбира, но не премногу.

 

По готвењето, изблендирајте се, додадете лажица маслиново масло и измешајте ги и варените жолчки.

 

Пријатно!