Железото и вашето бебе (дали постои ризик од анемија)
Вашето бебе јаде цврста храна и сега ве интересира се што се однесува за внесувањето на железото. Витаминот С помага во апсорбирањето на железото, затоа пробајте да вклучите во исхраната на бебето повеќе овошје и зеленчук. Важно е да знаете дека бебињата што се со ризик за анемија, спаѓаат во следните категории:
-Бебиња кои се предвреме родени (резервите на железо се прават во последните месеци на бременоста),
-Бебињата кои се со помала родилна тежина – без разлика што се родени во терминот и
-Бебињата чии мајки имале лош нутриционистички статус во текот на бременоста или мајки кои имаат дијабетес
Колку траат резервите на железо? Што се случува со бебеињата кои цицаат?
На телото му е потребно железо за да произведува хемоглобин, протеин кој го пренесува кислородот низ нашата крв. Резервите на железо траат до шестиот месец на животот на бебето, тоа се однесува и за бебињата кои цициаат и за оние кои се хранат со млечна формула. Имајте на ум дека резервите на железо постепено се намалуваат, нема оддеднаш да ги снема! Бебињата кои се здрави и родени во термин, а кои се хранети со адаптирано млеко ретко се наоѓаат во ризичната група за недостиг на железо, затоа што во формулата се наоѓа голема количина на железо. Здравите доенчиња, кои се родени во потребниот термин и кои се само на доење, исто така многу ретко се во ризичната група за недоволно железо, односно анемија, особено ако бебето не почне да се храни со цврста храна пред шестиот месец на животот.
Предвременото воведување на цврста храна може на бебињата да им го намали нивото на железото. Ова најчесто им се случува на бебињата кои се хранат со мајчино млеко. Ако бебето само цица, тоа добива железо до шестиот месец.
На повеќето бебиња што цицаат не им е потребна вода, витамини, или железо како додаток на мајчиното млеко, барем првите шест месеци. Мајчиното млеко ги обезбедува сите течности и хранливи материи кои се потребни за бебето да биде здраво. Меѓутоа, после шестиот месец би требало да се воведе храна која е богата со железо. Ако има потреба, вашиот педијатар може да ви препорача додаток на железо или витамин D.
Колку железо има во храната за бебиња?
-Брокула – 9mg
-Јунешко месо – 36mg
-Пилешко месо – 5mg (бело месо), 19mg (темно месо)
-Жолчка – 38mg
Знаци за недоволно железо кај бебињата
Ова може да бидат симптомите, ако вашето бебе не добива доволно железо:
-Намалена тежина
-Недостаток на апетит
-Бледило на кожата
-Низок степен на активност, голема раздразнетост (кенкаво и нервозно бебе)
Кое е препорачаното дневено внесување на железо?
личност |
возраст |
Машки пол (mg/дневно) |
Женски пол (mg/дневно) |
доенче |
0-6 месеци |
0,27 |
0,27 |
доенче |
7-12 месеци |
11 |
11 |
дете |
1-3 години |
7 |
7 |
дете |
4-8 години |
10 |
10 |
дете |
9-13 години |
8 |
8 |
адолесценти |
14-18 години |
11 |
15 |
возрасни |
19-50 години |
8 |
18 |
возрасни |
Постари од 51год. |
8 |
8 |
бремени |
Сите возрасти |
/ |
27 |
доилки |
18 години и помлади |
/ |
10
|
доилки |
19 години и постари |
/ |
9
|