Жената на познатиот глумец Џорџ Клуни, Амал Клуни открива како е да бидеш успешен адвокат и добра мајка!
Освен тоа што е сопруга на познатиот глумец Џорџ Клуни, таа е една од најмоќните адвокати и борец за човекови права во светот а во исто време е и мајка на две мали дечиња близначиња.
Амал Клуни одлучи да сподели со јавноста како успева да биде успешна мајка и одличен адвокат.
Таа признава дека не прима никакви повици со цел да помине што повеќе време со својот сопруг и своите деца.
“Помеѓу 6 и 8 часот не примам утрински повици за да можам да поминам повеќе време со мојот сопруг и моите деца”, изјави таа за ВОГ магазинот.
“Додека ги доев моите близначиња, беше многу покомплицирано, бидејќи се две. Поради тоа користев еден тон разни и чудни јастуци кои ми служеа како помагала при доењето”.
Таа во текот на разговорт открила и каков надимак имаат нивните деца. Ги викаат (“knuckleheads”).
Таа со насмевка на лицето се пофали дека првиот збор на своите близначиња им било мама а потоа тато. На оваа тема Џорџ Клуни е доста реален кога треба да потврди дека првиот збор на своите дечиња била мама.
На прашањето насочено кон Џорџ Клуни, како тој се снаоѓа со своите деца, одговара “Јас тешко се снаоѓам, но затоа Амал е олимписки шампион. Добар сум и јас во менување пелени”, изјави гордиот татако за “Entertainment Tonight”.
На прашањето на кого личат нивните мали дечиња, тие одговараат дека двајцата имаат по едно, односно дека едното личи на Амал, додека другото на Џорџ.