• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Жените кои често држат диета склони се кон здебелување во бременоста
Жените кои често држат диета склони се кон здебелување во бременоста

Жените кои често држат диета склони се кон здебелување во бременоста

Диетите многу влијаат, дури и на килограмите што ги добивате за време на бременоста. Истражувањата покажуваат дека жените кои често се на диети имаат прекумерна тежина за време на бременоста.

Истражувањата на американските научници фокусирани на темата диета, тежина и здебелување за време на бременоста покажаа дека жените кои држеле диеата, без оглед на нивната тежина, добивале премногу килограми за време на бременоста. Исклучок се жени кои биле прегладнети пред бременоста.

Жените со историја на нездрава исхрана треба да добијат дополнителна поддршка за да постигнат здрава тежина за време на бременоста. Имено, дебелите жени се соочуваат со многу компликации во бременоста, а тоа се рефлектира кај нивните бебиња. Вишокот на тежината го зголемува ризикот за царски рез, пократкото доење и потешко губење на тежината по породувањето. Исто така, бебињата на дебелите жени се соочуваат со ризик да се родат прерано и да бидат неисхранети.

Некои студии покажуваат дека прекумерната тежина за време на бременоста, исто така, може да има доживотно влијание врз здравјето на мајката и бебето. Бебињата на дебели мајки може да имаат проблем со висок крвен притисок, проблеми со срцето и дијабетес. Бидејќи дебелината започнува во стомакот, тие исто така имаат поголем ризик од прекумерна тежина на возраст од седум години.

Исто така, важно е да се напомене дека дебелината за време на бременоста може да предизвика промени во дојките кои ја зголемуваат подложноста на рак на дојка во подоцнежниот живот.