Жените кои дојат подолг период имаат помал ризик за мултиплекс склероза
Жените кои дојат подолг период имаат помал ризик за мултиплекс склероза
Во минатото, голем број на студии покажале како жените кои дојат имаат помал ризик од срцеви болести, дијабетис, како и карцином на јајници и дојки, но сега е откриена уште една предност од доењето.
Жените кои дојат подлг период имаат помал ризик од добивање на мултиплекс склероза, покажуваат истражувањата спроведени во соседните американски држави.
Научници од компанијата Kaiser Permanente користеле податоци од 397 жени кои неодамна добиле мултиплекс склероза и 433 здрави испитаници на иста возраст.
Откако ги земале во предвид факторите како етничко потекло, природа, степен на образование и евентуално пушење, истражувачите меѓудругото дошле до заклучок дека жените кои доеле најмалку 15 месеци имаат просечно 53 проценти помал ризик за мултиплекс склероза за разлика од жените кои доеле помалку од 4 месеци.