• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Жените не знаат доволно за забременувањето
Жените не знаат доволно за забременувањето

Жените не знаат доволно за забременувањето

Жените не знаат доволно за забременувањето
Резултатите од неодамна спроведеното истражување покажало дека припадничките на понежниот пол не го познаваат доволно своето тело. Причина за тоа е недоволно посетување на гинеколог, па поголемиот број од нив се во заблуда по различни прашања околу бременоста.
Стручните лица решението го гледаат во едукација на жените.
Голем број на жени не го познаваат своето тело доволно и деловите кои ги прават жени, поради тоа се во заблуда по многу прашања. На пр. мислењето дека жената за време на стрес не може да забремени , околи 70% од жените во секоја доба не им е познато дека нередовниот циклус и исклучително болните циклуси можат да бидат знак за неплодност. Поголемиот број од жени како причинител за неплодност ќе ви одговорат дека тоа е стресот пред дебелината, животниот стил, пушењето, прекумерното конзумирање на алкохол…
Др. Џесика Илучи, професор по акушерство, гинекологија и наука за репродукција во училиштетота за медицина при Универзитетот на Јејл, заедно со својот колега направила истражување во кое учествувале околу 1000 жени со старост од 18 до 40 години, со што би утврдиле дали жените всушност го познаваат своето тело или пак имаат заблуди. Исто така ова истражување утврдило дека 30 % од жените одат на гинеколог еднаш годишно, останатите поретко или никогаш.
Не е неопходно почесто да се прави Papanikolau Тест, но е дефинитивно неопходно дополнителна едукација на жените, заклучила Др. Џесика.
Таа исто така добила резултат од истражувањето дека 41 процент од жените веруваат дека јајниците создаваат јајце клетки во текот на целиот живот па дури и во староста, исто така голем број на жени мислат дека веројатноста за раѓање на дете со генетски деформитет се зголемува со текот на годините, поголемиот број од испитаничките сметаат дека зголемувањето на шансата за забременување е доколку имате односи повеќе пати дневно, а 40 проценти сметаат дека забременувањето зависи од одредена поза за време на односот.
Колку добро вие го познавате своето тело?