ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Зголемена анксциозност за време на бременоста: Како да се изборам со ова чувство?
    Зголемена анксциозност за време на бременоста: Како да се изборам со ова чувство?

    Зголемена анксциозност за време на бременоста: Како да се изборам со ова чувство?

    Зголемена анксциозност за време на бременоста: Како да се изборам со ова чувство?

    Во продолжение ќе се фокусираме на жени кои веќе имале историја на панични напади, опсесивно-компулзивни пореметувања, депресија и слично,
    Дали симптомите ќе се вратат за време на бременоста?
    Пред се многу е важно да се знае дека анксциозноста не значи дека ќе се зголеми во текот на бременоста туку таа во овој период може и да се намали. Спроведените студии покажуваат дека жените кои во историјата имале панични напади многу мал процент од нив имаат симптоми на панично пореметување во текот на бременоста (околу 3 проценти), додека ризикот е поголем да се вратат симптомите по породувањето (околу 10 проценти). Поинаква е ситуацијата со жени кои имале опсесивно-компулзивни пореметувања, па тука веројатноста да се појават симптомите во текот на бременоста е околу 20 %.
    Како да лечат симптомите на зголемена анксциозност?
    Терапијата најчесто е когнитивно-бихејвиорална терапија, таа се препорачува и во текот на бременоста заедно со вежбите за релаксација.
    Како вежби за релаксација во текот на бременоста се препорачуваат абдоминалното дишење и прогресивната мускулна релаксација.
    Понатаму, психотерапија, вежби за релаксација и лесна физичка активност пред се јога се најдобри и најбезбедни начини за да се прескокне или намали анксциозноста во периодот на бременоста. Исто така, доколку личноста веќе поминала низ адекватен психоретапевтски третман ќе и биде полесно сето она што го научила да го примени во овој период. Што се однесува на употребата на медикаменти, најчеста препорака на психијатрите е тие да не се земаат бидејќи имаат дејство кое може да наштети на плодот, посебно во првото тромесечје. Поединечни лекови како што се анксиолитици од групата на бензодиазепина, никако не треба да се користат во пренаталниот период.
    Сепак, доколку симптомите се јаки, само и единствено под надзор на психијатар, може да се примени медикаментозна терапија во мали дози, најчесто по потреба, а не континуирано. Исто така користењето на билни препарати не е препорачано бидејќи нивното дејство на плод не е доволно испитано. Понатаму, доколку дојде до зголемување на симптомите во периодот на бременоста, пробајте да ги санирате симптомите на начин кој е безбеден за вас и вашето бебе.