Житарки (храна за бебе)
Житарките претставуваат добра прва храна, затоа што тие содржат извонредна рамнотежа на јаглехидрати, протеини и масти. Поради тоа што се збогатени со железо, претставуваат важен материјал за дополна кај децата на возраст на која им се воведува дополнителна храна.
Освен железото, тие се одличен извор и на витамин Б и калории кои на бебето му се потребни за раст и развој. Најчесто се почнува со оризови и пченкарни житарки, затоа што се лесно сварливи и најмалку предизвикуваат алергии бидејќи не содржат глутен.
На располагање имаме две врсти од овие житарки. Едните веќе содржат адаптирано млеко и се спремаат со вода. Другиот вид не содржат млеко и можат да ја користат децата на природна исхрана која има доволна количина на мајчино млеко, или децата кои не толерираат млечен шеќер или протеини од млеко. После шест месеци можат да се дадат комбинирани житарки – кои содржат пченица, просо, јачмен, а можат да се најдат во неколку вкусови, главно со додаток на овошје.
Треба да се започне со помала количина, поради можните реакции, па постепено да се зголемува – до количина од 120 до 150 милилитри. Секогаш треба да се даваат со лажичка, никогаш со помош на шише, за да се намали ризикот од кариес и да се спречи внесот на поголема количина.
Вообичаено е оброкот од житарки да се дава како претходница на вечерата, но на некои бебиња повеќе им одговара наутро, кога апетитот е најголем. Во текот на хранењето детето нека седи удобно а вие бидете трпеливи, ако не сака да јаде житарки, немојте да се откажувате, пробајте повторно следниот ден.
Три недели по воведувањето на житарки, може да се почне со воведување на пире од зеленчук.
Доењето или млечната формула со додаток на железо продолжуваат и по воведувањето на немлечна храна и остануваат примарна храна за бебето до крајот на првата година, а пожелно е и подолго.