ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Интервју   >  Златно Славејче – Бидете дел од најголемата детска музичка историја на Македонија
    Златно Славејче - Бидете дел од најголемата детска музичка историја на Македонија

    Златно Славејче – Бидете дел од најголемата детска музичка историја на Македонија

    Сигурни сме дека секој од вас го познава или бил дел од овој одличен детски фестивал за деца Златно Славејче. Веруваме оние кои што биле дел од истиот со себе носат одлични спомени, а пак оние кои не биле жалат за истото. Како и да е, секој од нас барем еднаш го посетил фестивалот, во текот на своето детство или пак носејќи го своето дете. Токму за тоа ќе зборуваме со Бобан Јосифовски кој е всушност организатор на фестивалот. 

     

    1.Бобан, колку години ќе слави Златно Славејче оваа година и колку години сте Вие дел од него?

    Оваа година Фестивалот Златно Славејче ќе го има своето 48-мо издание,а оваа година јас ќе одбележам еден убав јубилеј, а тоа е 25 години како сум организатор на фестивалот.

    zlatnoslavejce, boban, babyshop, babyshopmk

     

    2. Колку дечиња се потребни за да се одржи еден фестивал?

    За успешно реализирање на еден фестивал е потребна бројка од 40 – 45 дечиња.

            

    3.Дали има селекција – аудиција и како се одвива таа? Кој ја прави, каде се одржува и кој се може да биде дел од неа?

    Секоја година во месец април одржуваме редовни аудиции за прием на нови членови на хорот. Право на учество имаат деца на возраст од 7 до 12 години. Оваа година аудицијата ке се одржи на 12 и 13 април со почеток во 18:00 ч во просториите на ул.Илинденска бр.55 .

     

    4.Кој фактор е пресуден за некое дете да пее песничка или да биде дел од хорот?

     

    Најбитен фактор е детето да има желба, да поседува музички квалитети и да е на воздраст од 7 до 12 години.

           

    5.Колку песнички има на фестивалот, дали бројот е ист секоја година или варира во зависност од изборот?

     

    Секоја година бројката варира во зависност од квалитетот на песните, но во просек се движи од 14 до 17 композиции.

     

    6.Кој ги пишува песничките ? Има објавен конкурс или имате долгогодишни соработници?

     

    Секоја година се објавува конкурс кои трае од 1 јануари до 15 март и на него може да учестува било кој автор. Активните автори кои би ги спомнал се Ристо Самарџиев, Александар Митевски, Владимир Дојчиновски, Цане Петров и други.

     

    7.Кој се грижи за гардеробата на дечињата?

    Минатите години гардеробата ја обезбедувавме од наши соработници но во последниве три години како фестивал сами си ја обезбедуваме и шиеме облеката.

     zlatnoslavejce, babyshop, babyshopmk

    8.Кој се грижи за кореоргафијата на Златните Славејчиња, за да имаат секогаш одличен настап?

    Повеќе од 25 години одговорно лице за кореграфијата е поранешната балерина Виолета Бајрам која со голема љубов ги подготвува децата од хорот.

     

    9.Колкава временска рамка е потребна за да еден фестивал на Златно Славејче се подготви со сите песнички, кореографии за да може да ги забавува дечињата ?

    Потребно време за успешно реализирање на еден фестивал е минимум 7- 8 месеци.

     

    10.На која возраст се дечињата кој го посетуваат фестивалот?

    Фестивалот Златно Славејче го посетуваат дечиња од предучилишна и основна училишна воздраст.

     

    11.За едно дете да биде солист или дел од хорот. Кој одлучува за тоа. Тимот на Златно Славејче или желбата на детето?

     

    Најважна е желбата кај децата,  а фестивалот само помага за нивното наградување и усовршување.

     

    12.Каде и кога ќе се одржува фестивалот оваа година?

     

    Оваа година Фестивалот за првпат ке се одржи во големата сала на Македонската Филхармонија, традиционално во месец ноември.

     

    13.Каде може да ги купат картите ? – Или е сеуште рано?

     

    Сеуште е рано за билети, но се надевам дека оваа година порано ќе бидат пуштени во продажба и тоа преку онлаин мрежа за која благовремено ќе има информација.

     

    14.За да опстои една таква, ние би ја нарекле институција дали е потребно спонзорства, било каква помош и секако колку ја добивате?

     

    За да се организира една ваква врвна манифестација потреби се многу средства и неопходно е да се бараат спонзори и помагатели. Досега сме успевале да се снајдеме но за жал во последните години се помал е одзивот од спонзорите.