• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Жолтица
Жолтица

Жолтица

Повеќето од децата се раѓаат со повеќе црвени крвни зрнца кои се разградуваат и се елиминираат од телото во текот на првите неколку недели на животот. Билирубинот е жолт пигмент кој се јавува како резултат на овој процес.

Жолтицата се јавува кога во крвта се акумулира преголема количина на билирубин, а тоа се случува поради следните причини:

-Зголемена продукција на билирубин,

-Ограничена способност на црниот дроб кај новороденчето да има голема количина на билирубин,

-Зголемената можност на цревата да го апсорбираат

Повеќе од половина новороденчиња добиваат жолтица во првите недели од  животот. Состојбата е привремена и обично се решава во текот на неколку дена, без никакви третмани.

Анализа на крвта

Жолтицата се јавува често па затоа родителите треба да бидат информирани за неа. Мајките на децата кои имаат жолтица се загрижени и се под голем стрес и постои можност порано да прекинат со доење. Детето кое има жолтица ќе биде изложено на честа анализа на крвта. Истражувањата покажуваат дека доењето делува како аналгетик, па е многу добро ако детето цица додека се лечи. Три потенцијални ублажувачи на болката се: допирот кожа-кожа, цицањето и вкусот на благо. Доењето ги дава сите три.

Ако родителите забележат дека столицата на детето е светла а урината е темна како пиво, мора веднаш да се јават на лекар. Нивното дете има нормална физиолошка жолтица која ја добиваат половина од новороденчињата.

Елиминирање на билирубинот

Децата кои се дојат имаат поголемо ниво на билирубин од тие кои не се дојат. Индиректниот билирубин може да се стопи во мастите, но не може да се раствори во крвта и урината. За да се елиминира од телото, мора да се врзе во крвта за протеините кои се топат во водата и да се преработи во црниот дроб. Црниот дроб го претвора во форма која се топи во вода (директен билирубин), кој може да се донесе во цревата и столицата и така да се исфрли од телото.

Затоа немојте да кревате паника, физиолошката жолтица не е болест, тоа е состојба, се додека нивото на билирубинот не е превисок. Високото ниво на билирубинот може бебето да го направи поспано и затоа треба почесто да го будите и стимулирате да цица почесто. За повеќето новороденчиња се препорачува хранење од 8-12 пати, но за децата кои имаат жолтица темпото треба да биде од 10-12 пати во текот на денот.