Жолто тело
Што е жолто тело?
Кога се случува овулацијата и водечкиот фоликул на јајникот ќе пукне и ќе ослободи јајце клетка, тој под влијание на хормонот FSH и LH се претвора во жолто тело (corpus luteum).
Жолтото тело се формира во јајникот на местото на фоликулот по доаѓање до овулација. Жолтото тело го сочинуваат лутеински ќелии кои се развиваат веднаш по овулацијата, кога жолтите пигменти и липиди се насобираат во ќелиите гранулоза која е облога на фоликулот. Големината на жолтото тело е доста променлива.
Жолтото тело трае околу две недели, до следната менструација, а задачата му е да ја припреми матката за евентуалното оплодување и бременост, и да обезбеди зголемено лачење на прогестерон кој ја оддржува бременоста.
Значи, ако не дојде до оплодување, околу 10 дена по овулацијата, жолтото тело почнува да пропаѓа.
Во случај сепак да дошло до бременост, жолтото тело не пропаѓа, туку продолжува да постои следните три до четири месеци од бременоста, а потоа неговата функција ја превзема постелката.
Циста на жолтото тело
Понекогаш во жолтото тело може да се формираат цисти, кога тоа ќе се наполни со течност. Насобраната течност може да предизвика циста која може да биде многу болна.
Добрата вест е дека овие цисти главно поминуваат сами. Овој вид на цисти може да исчезне за неколку недели, но може да стигнат и до 3-от менструален циклус од нивното потполно лекување.
Симптоми на циста на жолтото тело:
-тапа или остра болка во малата карлица,
-подуеност на стомакот,
-болки во долниот дел од грбот,
-болки при сексуален однос,
-дебелеење,
-болно менструално крварење,
-чувствителни гради,
-често мокрење,
-потешкотии при празнење на бешиката,
-потешкотии при вршењето на голема нужда,
-абнормално вагинално крварење.
Доколку имате болки, најдобро е да се обратите на лекар кој ќе направи преглед и ќе утврди дали е се во ред.