Зошто бебето плаче и што можам да направам за да го смирам?
Зошто бебето плаче и што можам да направам за да го смирам?
Вашето бебе плаче без прекин, без разлика на се што сте превземале. Секоја мајка е прилично вознемирена кога бебето не престанува да плаче. Мајките во тој момент ги мачат безброј прашања. Најмногу се плашат дека ќе изгубат контрола, дека не се доволно добри мајки и дека никогаш нема да успеат да се поврзат со бебето на прав начин.
Зошто бебињата плачат?
Постојат повеќе причини поради кои бебињата плачат, плачот е нивниот единствен начин на кој знаат да комуницираат со вас, начин на кој сакаат да го придобијат вашето внимание и да ви кажат нешто.
Во почетокот ќе ви биде многу тешко да направите разлика и да разберете поради што плаче, дали е гладно или пак нешто му смета. Но не се грижете, дајте си себе време и научете да препознавате што бебето сака да ви каже.
Најчести причини поради кои бебето плаче се:
1. Му се спие или е уморно
2. Треба да се промени пелена
3. Гладно е
4. Му пречи преголема гужва или пак преголема стимулација на средината
5. Можеби има грчеви, желудечна киселина или алергија на храна, млеко
6. Има болки или е болно
7. Има гасови
8. Доживува страв од непознати луѓе